Browsing: СПОРТ

Човекот кој го направи најголемиот успех со националниот тим У21 (пласман на ЕП 2017) го наследува Јоси Мизрахи во екипата во чиј дрес настапуваше од 2001 година до 2004 година. Израелскиот прволигаш е формиран во 1999 година, а сега го доби само вториот странски предводник во историјата по Англичанецот Џон Грегори

Репрезентативката на Србија доби најмногу гласови за позицијата кружен напаѓач во изборот во кој учествуваа илјадници фанови и спортски новинари од 12 земји. Меѓу номинираните по позиции и Александра Лакрабер, Амандин Лејно, Андреа Пенезиќ и Ирина Дибирова

Шкотланѓанецот, сепак, останува во болницата „Салфорд Ројал“ , додава клубот од „Олд трафорд“, додека пристигнуваат пораки од сите страни за поддршка во истрајноста на најважниот натпревар во неговиот живот

„Граѓаните“ го совладаа Брајтон со 3:1 и стигнаа до 97 бода во сезона што е за два повеќе од Челзи во 2005 година, а тимот на Перп Гвардиола на коло во крајот има постигнато 105 гола или два повеќе од, исто така, „сините“ од „Стемфорд бриџ“ од сезоната 2009/10

„Старата дама“ во финалето на Купот на Италија ги декласира „росонерите“ со 4:0. Сите четири погодоци на „Олимпико“ паднаа во второто полувреме од кои два беа дело на Бенатија, еден на Коста, а последниот беше автогол на Калиниќ

Тимот од Градски парк, кој заврши како лидер на табелата по основниот дел на сезоната, забележа убедлив триумф над кумановци, на домашен терен, со 101:72, шампионот, пак, МЗТ Скопје триумфира над Блокотехна со 80:74

Вечерашниот гол беше седми на македонскиот репрезентативец во дебитантската сезона во Примера. Претходно постигна два на „Сан Мамеш“ против Атлетик и по еден во дуелите со Еибар, со Реал Сосиедад, со Валенсија и со Депортиво ла Коруња

Македонскиот капитен влезе во игра на почетокот на второто полувреме и на терен остана до 71. во која беше исклучен по груб старт врз противнички фудбалер. Наполитанците одиграа 2:2 против Торино и на две кола до крајот на сезоната имаат минус шест бода од лидерот Јувентус

Годинашен победник е Еванс Кипкемои Бивок кој на целта пристигна со време од 2:14,08 часа пред сонародниците Џон Лангат (+51 секунда) и Хосеа Кипротич (+14,50 минути). Александар Кираџиев беше најдобар Македонец и го освои петтото место (2:42,48 часа), триумф на Дарио Ивановски во полумаратонската трка (1:09,10 часа)