Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: СПОРТ
Русинката поднесе барање за настап на вториот годинашен гренслем што беше одбиено по неколку неделно разгледување на случајот од Француската тениска асоцијација (ФФТ). Образложението е дека се враќа на терен по допинг скандалот и двегодишната суспензијата што во меѓувреме беше намалена на 15 месеци
Тетовци се бранители на тронот, но гледаат и шанса за спас на сезоната кога веќе ја загубија првенствената битка со Вардар. Битолчани, пак, посакуваат реприза од 2001 година кога прв и единствен пат засега го подигнаа пехарот. Финалето е попладнево (17 ч.) на стадионот „Младост“ во Струмица
Синот на поранешниот напаѓач на репрезентацијата на Бразил, Бебето, потпиша за тимот на Спортинг Лисабон. Бебето остана запаметен во историјата…
„Сините“ на својот „Стемфорд бриџ“ славеа со 4:3 против расположениот Вотфорд на Валтер Мацари во заостанатиот натпревар од 28 коло. Шампионската прослава е закажана за недела по средбата по формалните 90 минути против отпишаниот Сандеренд
Швајцарецот ја образложи неочекуваната одлука за јавноста со желбата за што подобра подготовка за турнирите на трева и на тврда подлога што ќе следуваат во продолжение на сезоната по гренслемот во Париз
Српскиот тениски ас досега соработувал со осум имиња – Јелена Генчиќ (1993-1999 година), Никола Пилиќ (1999-2003), Дејан Петровиќ (2004-2005), Рикардо Пјати (2005-2006), Маријан Вајда (2006-2017), Марк Вудфорд, Тод Мартин (2009-2010) и Борис Бекер (2013-2016). Деветтиот предводник го најави по завршување на Ролан Гарос
Толку, наводно, загубил капитенот на Манчестер Ј. пред гостувањето кај „спарси“ во Премиерлигата, но тешко дека хазардерскиот излет ќе се одрази негативно врз неговиот семеен буџет од причина што неделно заработува 310.000 евра на „Олд трафорд“. Не се одрази ниту врз играта со оглед дека го постигна единствениот гол за „црвените ѓаволи“ во поразот со 2:1 на „Вајт Харт Лејн“
Германката ја потисна Серена Вилијамс на најновата ВТА ранг листа за што во прилог и беше Мастерсот во Мадрид и породилното отсуство на американската колешка. Најдобриот македонски рекет е на 180 позиција со 300 бода пред настапот во квалификациите за Ролан Гарос
Времето со кое Британецот на патеката Каталуња стигна до втора победа во сезона и 58 во кариерата беше 1:35:56,497 часа. Второто мсто за Фетел, третото за Даниел Рикардо. Одлични пилотите на Форс Индија, Перез и Окон, први бодови во сезоната за Заубер. Раиконен ја заврши трката во првиот круг, Ботас во 38.
Аргентинецот важи за легенда во новата ерата на „граѓаните“, а според англиските медиуми веќе има неколку понуди за продолжување на кариерата на Островот. Најконкретен, како што пишуваат, е Вест Хем
По вчерашното четврто место, македонскиот претставник во серијата претпладнево заврши како осми на автодромот во Унгарија. Наредните трки во серијата ќе се возат од 25 до 27 мај на Нирбургринг во Германија
Јужноафриканецот Манјонга победи во скок во далечина со прескокнати 8,61 метри, Американеот Бершон Џексон најбрз на 400 метри со пречки со време 48,63 секунди, Елејн Томпсон од Јамајка со најдобар резултат во сезоната на 100 метри (10,78 сек.)