Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: КОЛУМНА
Гордана Попсимонова: Простете, ама претседател на Влада на една држава да плаче пред своите избирачи дека неговиот ривал бил „илеџија“, според мене, е лешпер. Лешпер е затоа што неговиот ривал не е на власт, нема никакви овластувања и ја нема одговорноста за судбината на државата, како што ја има премиерот
Додека Груевски купува време за својот репресивен режим, опозицијата има само една опција – да ги објави наводните сензационални информации и да ги прифати последиците
Теодосиевски: Претпоставувам дека многумина од мојата генерација, па и некои повозрасни или малку помлади, би дале се’ сега да можат да се вратат во студентските клупи. Не заради стекнување којзнае колкави поголеми знаења и вештини – зашто и тоа, во крајна линија, зависи од капацитетите на индивидуата, а не само од професорите – туку заради атмосферата, вриежот, еланот, решителноста, смелоста … на овие генерации конечно да се спротивствават на македонското лудило и диктатот на понављачите, уличарите и упикувачите
Мисли критички: – Имајќи ја во предвид добропознатата слобода во македонските медиуми, во која протестот на 10.000 студенти е невидлив по улиците на главниот град, апсолутно нелогично и крајно аматерски е да му заѕвоните на врата на вашиот политички непријател, да седнете и да се напиете кафе и да му се пофалите дека поседувате „бомбастичен“ материјал кој ќе му го наруши комфорот кој го создаде изминативе 10 години
Во овие тешки времиња, на Р. Македонија ѝ се случува колапс на целиот образовен систем: основно, средно и високо образование, не исклучувајќи ја и раната детска едукација, која е во надлежност на Министерството за труд и социјална политика. МОН и Владата на Р. Македонија ја сносат целосната одговорност за континуираните експресни, лоши и непромислени реформи. Возљубени во себе, никогаш не побараа соработка, став и мислење од оние на кои директно се однесуваат реформите или кои образуваат и обучуваат воспитувачи, наставници, професори, студенти
Со нужно почитување и со надеж дека конечно ќе прифатите да дојдете на седница на највисокиот орган на одлучување на СОНК, ете одлучив да Ве поканам со вака отворена покана, иако добро знам дека тоа не е многу вообичаено
Димковска:Со секоја насила усвоена законска измена ни покажавте колку вреди образованието денес во Македонија, колку е почитуван наставникот и колку треба да биде „награден“ што е столб на општеството. На што да ги учиме сега децата? На она што не научивте нас?
-Редовниот професор во трајно звање е веќе осиромашен за цели 35 800 ЕВРА кои ги вложил само за исполнување на основните услови за задржување на работното место. Да ја поставиме до оваа бројка просечната професорска месечна плата во Македонија која изнесува 32 000 ДЕНАРИ
– Колеги, каде сте? Се повлековте во вашите оклопчиња, во меурчиња од сапуница кои секој момент можат да пукнат. Зарем мислите дека со вашето молчење се заштитивте од казните, од деградацијата? Зарем вие не треба да бидете пример за вашите ученици?, се вели во писмото
Таман кога ти стана доволно мачно од висината на патните трошоци на македонските пратеници, добивме уште една „прекрасна“ вест од траги-комичната, бесконечна драма наречена „Поранешна Југословенска Република Македонија“. Трагична, оти повторувачи, незнајковци и препишувачи ни ја водат државата. Комично, оти ако не се смеевме на сопствената мака ќе требаше да имаме 100% стапка на самоубиствa
Сатиричен приказ на животот на Силвана Бонева, пратеничката без станбен проблем ама со многу патни трошоци!