Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворено писмо до просветните работници кои не штрајкуваат

0
By Нова ТВ on January 30, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 30, 2015 13:40

Отворено писмо кое беше упатено до реакцијата на НОВА, од просветни работници кои штрајкуваат.

Писмото Ви го пренесуваме интегрално:

Веќе со години просветните работници преку различни форми се обидуваа да го изразат своето незадоволство од неправедните закони во образованието, кои со молскавична брзина се менуваа и сé уште се менуваат, без никакви консултации со практичарите кои го реализираат образовниот процес.

Тоа резултираше со генерален штрајк на СОНК во образованието, за жал, игнориран од МОН. Нивниот игнорантски однос можаме да го сфатиме, бидејќи за нив насекаде „тече мед и млеко“.

Не можеме да ја сфатиме инертноста на дел од просветните работници, нивното молчење кое значи согласување со казните од екстерното тестирање, со зголемениот обем на административни обврски, со секојдневните притисоци на просветните инспекции, со несфатливите парични казни (300, 600 евра…) и со многу други небулози со кои се соочуваат секојдневно.

Колеги, каде сте? Се повлековте во вашите оклопчиња, во меурчиња од сапуница кои секој момент можат да пукнат. Зарем мислите дека со вашето молчење се заштитивте од казните, од деградацијата? Зарем не се чувствувате уште помизерно знаејќи дека некој друг ги бие вашите битки? Зарем вие не треба да бидете пример за вашите ученици? Зарем не сте интелектуалци, личности кои мислат со своја глава, ги изложуваат јавно своите ставови и со тоа придонесуваат за општо и општествено добро? Каде ви се етичките вредности – вистинољубивост, праведност, солидарност? На што ги учите вашите ученици? Да молчат, иако има проблем, да бидат егоисти кои сопствените интреси ги ставаат пред заедничките, да бидат полтрони.

Со вашето однесување само го потврдивте општоприфатеното мислење дека да бидеш просветен работник е бедна професија, не само од материјален аспект, туку од духовен. Го потврдивте фактот дека сте исплашени, безначајни луѓе на кои можат што сакаат да им прават. Ако немате респект спрема себе, како можете да бидете респектирани од другите. Можеме да наведеме уште безброј други аргументи зошто треба вистински да го поддржите штрајкот на вашите колеги.

Се надеваме дека вашата совест и свест ќе проработи, дека ќе заборавите на личните интереси и дека на вистински начин ќе го поддржите штрајкот. Да бидеш учител, наставник, професор е достоинствена професија, професија за почит. Ајде и на дело да покажеме дека е така!

Просветни работници кои штрајкуваат

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.