Browsing: СВЕТ

Утре започнува конклавата во Ватикан за да избере нов поглавар на Католичката црква. Ако се оди според планот, се очекува да трае најмногу четири дена, изјави прес службата на Ватикан. 115 кардинали со двотретинско мнозинство ќе го изберат наследник на Бенедикт

Официјален Пјонг Јанг се заканил со прекин на соработката со јужнокорејските власти, обвинувајки ги САД за користење на вежбите со цел да се отпочне нуклеарна војна

Десетици илјади демонстранти протестираа во 60-тина градови во цела Шпанија, додека најголемиот протест беше во Мадрид, поради големата невработеност, мерките за штедење наметнати од владата но и нејзината корумпираност

Кардиналите на Романско-Католичката црква денеска се молеа за да добијат духовни насоки пред да започне зад затворени врати конклавата за избор на нов папа, во еден од најтешките периоди во историјата на оваа Црква

Авганистанскиот претседател Карзаи излезе со обвинување до САД и Талибанците, велејќи дека тие се виновни за сеење страв за Авганистан по 2014 година. Карзаи ја откажал планираната прес-конференција со американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел

Поранешната хрватска премиерка Јадранка Косор која беше исклучена од матичната партија ХДЗ, во интервју за Јутарњи лист вели дека е прислушкувана и уценувана со порно видео, кое всушност е непостоечко

Нома ресторанот во Копенхаген, кој важи за најдобар во светот веќе 3 години, беше принуден да се извини откако беше објавено дека повеќе од 60 луѓе имале труење со храна во февруари, во период од 5 дена. Албанецот со македонско потекло Рене Реџепи е човекот кој е заслужен за признанијата на Нома, како шеф на овој врвен ресторан