Browsing: СВЕТ
Американскиот Сенат го изгласа Џон Бренан за нов директор на ЦИА, со 63 гласа за и 34 против. Бренан е наследник на Дејвид Петреус, кој даде оставка во ноември, минатата година
Лидерите од Латинска Америка и пошироко се собираат во Венецуелскиот главен град Каракас за погребот на претседателот Хуго Чавез
Северна Кореја соопшти дека дека ги укинува сите пактови за неагресија со Јужна Кореја, затворајќи ја својата телефонска врска за итни случаи со Сеул и нивниот заеднички граничен премин
Советот за безбедност едногласно гласаше за построги санкции против Северна Кореја кои се однесуваат на нуклеарната тајна програма, неколку часови откако Пјонгјанг се закани со можен превентивен нуклеарен напад
Холандското обвинителство нема да го гони пензионираниот генерал, кој командуваше со холандските мировници во Сребреница, каде силите на Армијата на РС убија околу 8.000 Бошњаци
Имотната состојба на Жерард Депардје не остава сомнеж дека актерот е добро ситуиран граѓанин, рекол активистот кој го пријавил на судот
Берлускони, кој од почетокот тврди дека е невин и негира каква било одговорност за скандалот, има право да поднесе жалба на пресудата
Советот за безбедност на Обединетите нации, денес гласа за нов пакет санкции против Северна Кореја
Последната вест која доаѓа од Венецуела, е одлуката на Министерството за внатрешни, со која е забранет алкохол за време на оплакувањето на смртта на Чавез
Северна Кореја држи големи воени вежби, вели Јужна Кореја, и тоа во услови на зголемени тензии на полуостровот.Советот за безбедност најавува гласање за резолуција за наметнување на построги санкции кон Пјонгјанг, по неодамнешната нуклеарна проба
Поранешниот претседател Михаил Горбачов го повика претседателот Владимир Путин “да не се плаши од сопствениот народ”. Горбачов го критикува и потесниот круг на Путин, велејќи дека е полн со “крадци и корумпирани функционери”
Либералите од Холивуд, Шон Пен, Оливер Стоун и Мајкл Мур го глорофицираат Чавез како спасител на сиромашните и фактот што го познавале лично, со зборовите: “Бевме благословени”