Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Целосно конзервирана црквата „Свети Никола“ во охридското село Косел

0
By Нова ТВ on August 25, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стручните екипи на Заводот и музеј Охрид ја завршија шестата, последна фаза од проектот за конзервација и реставрација на архитектурата и на фрескоживописот на црквата „Свети Никола“ во охридското село Косел, соопштува Министерството за култура.

Од 2008 до 2014 година финансирани се проекти кои се однесуваа на непосредната заштита на одделни секции од оваа црква која датира од 15 век.

Во текот на шесте етапи извршена е конзервација на архитектурата на црквата, која беше целосно распадната и за која постоеше опасност од уривање. Се работеше во внатрешноста на црквата на конзервацијата на вредниот фрескоживопис, се конзервираа оштетените фрески, а паралелно се работеше на новооткриениот живопис.


Објектот статички е зајакнат, направено е целосно препокривање и фугирање на отпаднатите делови, истовремено е извршена дренажа околу црквата како примарна заштита од влагата и од неповолните надворешни влијанија. Исто така, направено и партерно уредување на црковниот двор. За оваа намена, од буџетот на Министерството за култура во изминатиот период беа издвоени 3,9 милиони денари.

Црквата „Свети Никола“, која е значаен споменик на културата, има специфична архитектура со мали димензии и со својот облик е сродна на повеќе еднокорабни цркви од околината на Охрид. Токму поради вредноста на нејзината архитектура и на нејзиниот фрескоживопис, таа е особено интересна за посетителите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.