Претседателот на Либералната интернационала Ханс ван Бален, во однос на насилството во општина Центар и врз градоначалникот, писмено и достави неколку прашања на Катрин Ештон, Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, дознава НОВА од извори блиски до Бален:
-Дали Високиот претставник за надворешна политика (ВПНП) е запознаена со неодамнешното насилство во Скопје?
– Исто така, дали ВПНП им има предочено на македонските власти дека мораат да обезбедат слободно одвивање на (сите политички) состаноци и да ја заштитат слободата на изразување, а воедно дека неинтервенцијата на полицијата е неприфатлива? Дали ќе биде побарано/а одговор(ност) од македонските власти?
-Какви активности презема ВПНП за да не се повторат таквите насилства?
-Според сведоците, насилствата се оркестрирани од страна на властите. Дали ВПНП има докази за тие сознанија? Какви се заклучоците на ВПНП по однос на тоа?
Ханс ван Бален е Претседателот на Либералната интернационала, шеф на делегацијата на холандската владеачка Народна партија за слобода и демократија (ВВД-либерали) како дел од групата Алијанса на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ-либерали) во Европскиот парламент.
Прашањата се доставени до Европската комисија, која е должна да одговори на истите.