Центарот на Киев е во пламен. Вечерва дојде до нова ескалација на судирите меѓу демонстрантите и полицијата. Бројот на загинати се качи на девет од кои седум демонстранти и двајца полицијаци. Известувачите од теренот јавуваат за стотици повреден.
До ескалзација на судирите дојде откако демонстрантите го запалија седиштето на владејачката Партија на регионите.
Еден од водачите на опозицијата, упати јавен апел до претседателот Виктор Јанукович :
“Не дозволувајте на Украина да стане земја покриена со крв повлечат полицијата и објави прекин на огнот Тогаш ние ќе се преговара. . “.
Вечерва илјадници демонстранти се на центрфалниот плоштад во Киев и се птитат од полицијата со барикади од запалени автомобилски гуми. Нивниот револт се зголеми кога полиијата се повика на новиот закон кој ги забранува протестите.
Немирите во Украина започнаа во почетокот на годината кога претседателот Јанукович одлучи да не го потпишува договот со ЕУ.
