Центргаз, огранок на руската енергетска компанија Газпром победил на тендерот за изградба на српскиот дел од гасоводот Јужен тек, соопштија денеска од компанијата.
-Центргаз ќе го работи проектирањето, набавката на опремата и материјалите, изградбата и инсталацијата, обуката на персоналот и пуштањето во работа на Јужен тек низ Србија. Со договорот, исто така, е утврдена и обврската за ангажирање на домицилни компании за одредени видови работи, како и оние коишто ќе бидат вклучени како производители, се вели во соопштението на Газпром.
На тендерот за изградба на гасоводот кој беше објавен во март оваа година учествуваа четири компанјии од Русија и од Србија.