Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чадиева: Пожарникари со сирени и противпожарни скали му носеле роденденска торта на градоначалникот на Велес

0
By Jane Gjorgioski on May 12, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„На 13 април, на роденденот на градоначалникот Марко Колев, двајца пожарникари користејќи службено возило пристигнале во општината и користејќи скала за интервенции при пожари, се качиле на вториот спрат преку тераса во канцеларијата на Градоначалникот, со цел да го честитаат роденденот, носејќи му роденденска торта. Значи, тие ги напуштиле нивните работни места за полтронски да му удоволат на градоначалникот, свесни дека ја загрозиле безбедноста на жителите на Велес доколку во тој период додека се глупирале се случел пожар или некоја друга несреќа за која требало итно да интервенираат“, на прес-конференција објави претседателката на ОО Велес  СДСМ, Даница Чадиева.

Таа истакнува дека во општинската зграда се создала паника од вклучените сирени, бидејќи вработените кои не знаеле за што се работи, се исплашиле, претпоставувајќи дека има пожар и дека треба да се евакуираат од општинската зграда.

„Но тоа не го спречило Марко Колев да излезе на терасата и да ги дува свеќите на роденденската торта, со што на крајно безобразен и недоличен начин повторно ја злоупотребил својата функција“, додава Чадиева

Таа на прес-конференцијата ги повикa надлежните органи да покренат постапка по допрен глас и да го истражат случајот, бидејќи, како што рече „градоначалникот како работодавач на територијалната противпожарна единица ја злоупoтребил својата службена положба на начин што ги ставил во функција противпожарните ресурси за приватни цели и потреби, па постојат елементи и основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба“.

Извор: Фронтлајн

Велес Даница Чадиева Марко Колев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.