Изет Меџити: Чаир е една од најзелените општини во Град Скопје, на 3 километри го има паркот во Чаир, го има паркот во Топанско Поле, има помали паркови, е опкружен со Гази Баба, опкружен со Кале, значи проблемот не е во маалата Стар Чаир и Топанско Поле каде што има колективни згради. Главниот проблем е во нашите маала кои се со субстандардни услови – со Серава, со Дижонска, со Гази Баба, со Топаана, со Карадак маало – сите овие се со индивидуални куќи и имаат проблем и со паркинзите, и со движењето, значи со тесните улици, и со парковите. Ако го земеме како целина, одговорно тврдам дека ако ги земеме процентите, Чаир е меѓу најзелените општини во Град Скопје. На Чаир му треба трансформација со мастерпланот на Бајрам Вардар за урбанизација на Чаир, на овие маала со субстандард, да земеме добри примери од Бурса, Истанбул, Измир за овие маала да се урбанизираат, да имаат пошироки улици, зеленило и паркинзи.
Извор: Фронтлајн