Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чаирчани со иницијатива за спас на парковите

0
By Нова ТВ on June 13, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Наместо парк со педесетгодишни дрвја, на ова место треба да никне зграда. Истото ќе се случи и 100-тина метри подалеку, тука веќе започнале ископите. Со новиот урбанистички план во општина Чаир, помеѓу главната улица Кемал Сејфула и помалите, Струмичка и Ресенска, планирани се повеќе нови згради, објаснува Бујар Идризи, член на иницијативниот одбор за промена на ДУП-от во Чаир. Петицијата ја потпишале 600 станари од 7 згради. Деновиве таа беше доставена до граначалникот Изет Меџити. Чаирчани бараат да им се вратат парковите и да се избришат зградите.

За градоначалникот на општината Изет Меџити, ова е речиси завршена работа. Планот е донесен во 2006-та, со анкета и јавна дебата која минала без забелешка. Можни измени, вели тој, може да се направат само кај оние парцели кои сеуште не им се продадени на инвеститорите.

Но со петицијата за зачувување на парковите во Чаир, за иницијаторот Бујар Идризи почнаа и притисоците. Деновиве била обиена неговата канцеларија. За Идризи, ова е очекувано предупредување.Тој не планира да се откаже, бара општинските власти да ги покажат плановите и да престанат да се кријат од своите граѓани.

Ако почне изградбата на зградите, ќе ескалира и незадоволството на граѓаните, смета Идризи. Граѓаните и сега се жалат на немањето паркинг места и слабиот притисок на водата, посебно во лето.

Сега Чаирчани го чекаат одговорот на општинските власти. Се надеваат дека гласот на граѓаните , ќе биде посилен од оној на инвеститорите.

Јасмина Јакимова

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
ФОКУС

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

СВЕТ November 2, 2025

Белград: Тензично е пред српскиот Парламент, каде што Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

November 1, 2025

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.