Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Charmaine“ – Хит од времето на немиот филм

0
By Нова ТВ on June 11, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Автор: Михаил Мице Бошковски

Оваа вечна мелодија, кај нас позната како „Шармен“, датира од 1925 година кога е компонирана од Ерно Репи и Лу Полак. Следната година е промовирана како филмска мелодија во немиот филм „What Price Glory“.

Во немиот филм сликите биле „илустрирани“ со музика што најчесто се презентиралa во живо со поединец, мала група или оркестар, сместени позади платното. Во тоа време постоела апаратура за снимање и репродуцирање музика, но се уште не била развиена апаратурата за синхронизирање на сликата и тонот, било да е говор или музика.

Веќе следната 1927 година се смета за почеток на звучниот филм кога се снима „Џез пејач“ со Ал Џолсон во главната улога. Но и тој филм не бил целосно озвучен. Синхронизирани биле само музичките нумери. Ефектот кај публиката бил очигледен, па од тогаш синхронизацијата на сликата и тонот постојано се усовршувале за да го достигнат денешното ниво.

Еден од авторите на песната „Шармен“ е Ерно Репи, роден во Будимпешта во 1891 г., каде што учи пијано и завршува диригирање на будимпештанскиот конзерваториум. Како диригент работи во Дрезден и Виена, а по едно гостување во САД се вклучува во тамошниот музички живот. Станува еден од најпознатите симфониски диригенти и познат како виртуозен пијанист.

Во средината на 20-тите пишува и популарна музика за потребите на немиот филм. Умира во Њу Јорк во 1946 г. Вториот автор на „Шармен“ е Лу Полак (1895 – 1946), американец кој одлично свирел на пијано, пеел, компонирал и пишувал текстови. Соработувал со многу автори на музика за немиот филм, а од заедничката соработка со Ерно Репи, произлегла „Шармен“, за која, во тоа време, не ни претпоставувале дека ќе достигне светска слава.

„Шармен“, како песна набргу по премиерното изведување во филмот станала популарна. Прв ја снимил Гај Ломбардо со својот оркестар и цели 7 недели бил на прво место на хит парадите. Гај Ломбардо (1902 – 1977), е роден во Канада, во музикално семејство. Од петте браќа, четворица свиреле и уште како многу млади формирале оркестар за да го придружуваат нивниот татко кој бил аматерски пејач. Гај, како виолинист најмногу се истакнувал, па подоцна формира свој оркестар и од 1922 г, па до крајот на животот професионално се занимава со музика.

За популарноста на „Шармен“ многу придонел и Хари Џемс (1916 – 1983), кој ја снимил во 1944 година кога уживал голема популарност. Хари Џемс почнал да свири труба на 10 годишна возраст под строга контрола на својот татко. Се развива во одличен инструменталист, најпопуларен во своето време, особено во ерата на „свингот“.

Како поминува времето, се повеќе пејачи и оркестри ја имаат „Шармен“ на својот репертоар. Кога во 1951 година ја снимил Мантовани, се чини дека, песната дефинитивно станува „евргрин“. Мантовани (1905 – 1980), е италијанец, роден во Венеција. Уште како дете во 1912 г. со родителите се населува во Лондон каде што и завршува студии по музика и формира свој оркестар. Од мноштвото снимен материјал, како негови незаборавни изведби ден денеска се сметаат „Moulin Rouge“,„Cara Mia“ и се разбира „Charmaine“.

И Гордон Џенкинс (1910 – 1984), со својот оркестар ја снимил „Шармен“. Тој е многу влијателна личност во американската популарна музика посебно во 40-тите и 50-тите години на минатиот век. Тој бил одличен пијанист и аранжер и соработувал со многу пејачи од тоа време со кои снимил огромен дискографски материјал.

Недогледен е списокот на оркестрите што ја снимиле „Шармен“ и придонеле за нејзината популарност. Се чини дека секој оркестар што држел до своето реноме и репертоар ја снимил оваа песна. Долг е и списокот на пејачи што ја снимиле: Тони Вилијамс (некогашниот пејач во најдобрата постава на вокалната група „Плетрс“, Френк Синатра, Џим Ривс и многу други.

И кај нас оваа песна беше многу популарна уште од втората половина на 50-тите години. И ден денеска може да се чуе на македонски јазик на програмите на Македонското Радио благодарение на генијалниот Драган Ѓаконовски – Шпато, кој успеа да направи прекрасен аранжман кој може да се спореди со најуспешните американски аранжмани на оваа песна. Вокално, песната ја овековечи Љупка Апостолова, една од првите наши интерпретаторки на забавна музика. Пееше до 1960 г., кога стана врвна спикерка и едукатор на младите генерации спикери за програмските потреби на Македонското Радио, до крајот на својот работен век.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.