Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чаушевски: Не сакам да бидам член на ААМ

0
By Нова ТВ on June 6, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По информацијата дека во Асоцијацита на архитеките на Македонија имало иницијатива за барање на Жарко Чаушевски да му се одземе лиценцата за работа како архитект, бидејќи според мислењето на неговите колеги постапил неетички и непрофесионално, кога прифатил на направи идејно решение за ГТЦ во барокен стил, тој се огласи со своја реакција, во која меѓу другото вели:

„Дали ќе побараат одземање на архитектите кои проектираат измени во класични фасади за објекти, а се членови на СДСМ и ААМ? Или одземањето би важело само за тие, кои не се од нивниот круг?“

ААМ: Да се одземе лиценцата на архитектот на барокниот ГТЦ

Тој понатаму ја објаснува својата одлука да прифати да прави идејно решение за ГТЦ

„По мене сите објекти имаат иста тежина и заслужуваат еднаков правен третман. Дали било Зграда во Пехчево или ГТЦ, по мене правниот третман треба да е ист. Дали направиле доградба на кат во Дебар, без да биде консултиран авторот, и дали тој кат е дограден на ГТЦ, секаде еднакво би се третирало.

Ако се залагате сите архитектонски дела да имаат ист третман, зошто дискриминирате други архитекти, каде што не се споменува промената на нивните дела, а толку се жестите за промена на фасадата на седиштето на Комунистичката партија на Македонија или еден трговски центар.

Можеби некој сака да спроведе дискриминирачка агенда-некои членови на ААМ, блиски до нивното претседателство, вечно да може да работат проекти и да победуваат на конкурси, додека другите да не смеат да победуваат. Верувам таму е болката.

И дали одземањето на „Лиценцата“ важи само за барокот. Зарем не е истиот проблем и за сите други објекти. Или тие не се објекти, бидејќи не се проектирани од комунистичките ѕвезди?“, пишува во својата реакција Чаушевски

Минатата недела управата на ГТЦ го прифати токму барокното решение за реконструкција на фасадата на центарот токму на Чаушевски. Инаку архитектите Жарко Чаушевски и Филип Богатинов се потписници и на стилската фасада на објектот на Владата, на новата зграда на „Водовод“, на ЕЛЕМ, на барокната зграда за администрација што ќе се гради на „Бихаќска“, на стилските киосци за сендвичарници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.