Некои медиуми објави ја информации дека на просторот на источна Украина стигнале борци од Чеченија за да ги зајакнат бунтовничките одбранбени сили во моментот кога Киев започнува жестока воена офанзива.
Претседателот на Чеченската Република, Рамзан Кадиров, тврди дека не е запознаен со тие информации, но сосема не ги негираше тврдењата.
Тој во разговор за руските медиуми рече: „Ако има Чеченци таму, јас за тоа ништо не знам. Но, ако оваа информација е точна би сакал да знам кој е таму и зошто. Ако Запад сака ова да го прикаже како ние таму да ги испраќање своите војници, па нашите борци се дома“.
Шпекулации за за присуството на Чеченците започнаа откако новинарската екипа на CNN во центарот на Доњецк наишла на камион наводно полн со борци од Чеченија. За CNN ова е “доказ“ за руската вмешаност, но овие тврдења всушност се сведуваат само на изјава на еден маж кој од камионот изјавил дека „дошол да ги брани интересите на Руската Федерација“.