НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чеховите „Три сестри“ во режија на Унковски на 17.јануари во Хрватска

0
By Нова ТВ on January 15, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 17. јануари, хрватската публика ќе има можност да ја проследи претставата „Три Сестри“ од Чехов, на која работи македонскиот драмски режисер Слободан Унковски. Во пресрет на прикажувањето на Чеховите „Три сестри“, хрватските медиуми „Јутарњи“ како и политичкиот магазин „Актуал“, објавија интервјуа со познатиот драмски режисер.

– Јас ја избрав актерската екипа. Бев во Загреб неколку пати по два-три дена и ги гледав претставите. Ги сретнав глумците, секој од нив посебно, ги гледав, разговарав со нив, мислев и така дојде до поделба на улогите, вели Унковски во интервјуто за „Јутарњи“.

Македонскиот режисер вели Чехов за него е доста специфичен, а за прв пат го поставил пред речиси осум години во Скопје и Белград.

„Многу е скормен и бескрајно симпатичен. Многу е тешко во него да се препознае поранешен Министер за култура, угледен режисер и некогашен професор на Харвард“, пишува за него хрватски „Јутарњи“.

Во интервјуто за „Актуал“, режисерот Унковски објаснува како дошло до соработка со Хрватска.

– Откако директорот на „Гавела“, Дарко Стажиќ ми предложи да ја поставам претставата во овој театар, започнав разговори за насловите, и на крај одлучивме тоа да бидат „Трите сестри“. Таа претстава најмногу и одговара на моите моментални интереси и квалитетите на ансамблот на овој театар. Воедно, во последно време театрите доста се занимаваат со политички обоени текстови, па сметам дека е добро да се вратиме на едноставните, но важни теми како што се љубовта и одминувањето на времето…текстот не го модернизирав намерно, туку го прилагодив и „преведив“ во денешно време. Беше тоа комплициран процес со оглед на тоа што станува збор за Чехов, кој покрај Шекспир и други врвни писатели, е потполно заокружен, би рекол дефинитивен, објаснува македонскиот драмски режисер.

Тој вели не се посветил на филмот и мисли дека тоа е друга некоја професија. Напоменува дека понекогаш му е жал, но дека во неговата куќа сега има неколку филмски режисери, и самиот не сакал да го зема редот.

Слободан Унковски работеше како професор на ФДУ во Скопје, а денес ги води постидпломските студии. Предавак и во неколку универзитети во Америка, меѓу кои и Харвард.

– Во почетокот на 90-тите добив стипендија од Фулбрајт и пет месеци предавав на Бруклин колеџ. А потоа во „Вол Стрит Џурнал“ причитав дека на Харвард се отвора нешто што за прв пат имаше врска со глумата – Институт за напреден драмски тренинг. Отидов на разговор и бев примен од страна на Роберт Сенфор Брустајн, доста почитуван американски критичар, продуцент и сценарист.

Унковски работеше во САД, Германија, Русија, Словенија, Србија, Грција…а сега и за прв пат во Хрватска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.