Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Черних: Повторување на силен земјотрес во скопското епицентрално подрачје за 500 години

0
By Нова ТВ on July 26, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според податоците и истражувањата на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет на УКИМ во Скопје, периодот на повторување на силен земјотрес во скопското епицентрално подрачје, е 500 години, што укажува дека при градењето во овој град треба да се имаат предвид техничките карактеристики на тлото, како и неопходноста од проекти со асеизмички дизајн за интензитет од IX степени според Европската макросеизмичка скала ЕМС-1998, потсетува раководителката на оваа Опсерваторија, Драгана Черних по повод годишнината од катастрофалниот земјотрес.

Черних, во текстот „57 години од земјотресот во Скопје – никој не посакува ваква катастрофа“, потсетува дека природата често е непредвидлива и може да предизвика катастрофи од големи размери, а земјотресот е природна појава која не може да се предвиди.

Земјотресот во Скопје е еден од тие природни катастрофи, кој се случи на денешен ден во 1963 година, во 5 часот и 17 минути, со Рихтерова магнитуда 6.1 и интензитет од IX степени според Европската макросеизмичка скала, кога загинаа 1070, а беа тешко повредени над 3.300 лица и беше почувствуван на целиот Балкански Полуостров.

– Територијата на нашата држава се наоѓа во сеизмички активно, односно трусно подрачје, каде што во последното столетие веќе се случиле неколку катастрофални земјотреси, како што беа и земјотресите и во Пехчево 1904 г. и во Валандово 1931 г, стои во текстот од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје, која е и првата сеизмолошка инстуција во земјава, основана во 1957 година и која е единствената сеизмолошка станица што работела во времето на скопскиот катастрофален земјотрес.

Денес, Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, е единствена институција во Република Македонија која е задолжена да ја одржува сеизмолошката мрежа на Републиката, да врши постојано набљудување и научна анализа на целокупната сеизмичка активност на територијата на Републиката и пограничните подрачја.

Таа, додава раководителката Черних, одржува мрежа на постојани сеизмолошки станици телеметриски поврзани (во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево), современо опремени чии податоци пристигнуваат во Опсерваторијата во Скопје во реално време, овозможувајќи брзо одредување на параметрите на земјотресот што е многу важно во случај на почувствуван земјотрес на територијата на Република Северна Македонија и пограничните региони

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025
ФОКУС

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

ВЕСТИ October 12, 2025

Блокади во Кочани. По, синоќешниот редовен протест во рамки на „Марш за ангелите“, денеска најава…

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

October 12, 2025

Тел Авив: Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху

October 12, 2025

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

October 11, 2025
ТИКЕР

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.