Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чешка излегува од рецесија – економијата бележи раст

0
By Нова ТВ on August 14, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Чешката економија излегува од рецесија и бележи пораст, по падот во претходните шест квартали по ред, јави дописникот на МИА од Прага.

Според последните податоци од Заводот за статистика, Бруто домашниот производ (БДП) во вториот квартал од годината се зголеми за 0,7 проценти во споредба со истиот период лани.

Аналитичарите, генерално очекуваа полоши резултати, а и предвидувањата на Чешката народна банка (ЧНБ) беа опаѓање за 1,7 проценти.

– Овие податоци, ги сметам за психолошки ефект на кој пазарот долго чекаше, а кој може да го подобри расположението на фирмите, инвеститорите и граѓаните, изјави Јиржи Мосер од компанијата „ПВЦ“, кој додава дека не може да се смета дека економијата покажува јасен тренд.

Постојат многу неизвесности, на кои им се додадоа и одредени проблеми од актуелната политичка ситуација и неизвесноста по падот на Владата на Нечас и предвремените парламентарни избори наесен кои ја очекуваат земјата.

Како што е наведено од страна на аналитичарот Петр Дуфек, втората рецесија во последните пет години е при крај.

– Таа не беше толку драматична како претходната, но од друга страна беше два пати подолга, подвлече Дуфек.

Економската криза започна со опаѓање на потрошувачките и инвестициските побарувања, кон кои се приклучи и стагнација на извозот.

Но, извозот е тој што на крајот ја извлече Чешка од рецесија, со оглед на тоа што домашната побарувачка се уште е во криза, сметаат експертите.

– Претпријатијата не инвестираат, домаќинствата штедат и бројот на невработените е највисок од кога постои Републиката, предупредува Мирослав Новак, нагласувајќи дека не треба да се очекуваат некои драстични напредоци и во втората половина од годината.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.