Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чешкото претседателство на ЕУ бара нова динамика во процесот на проширувањето  

0
By Соња Крамарска on November 2, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ

 

Чесите ги интензивираат своите активности за заокружување на нивнот шестмесечен мандат како претседавачи на ЕУ. Им остануваат уште два месеца да дојдат до решенија кои се од геостратешки интерес за блокот во овие исклучително непредвидливи и драматични околности кои ги наметна руската агресија на Украина. „Енергијата, Украина, проширувањето…. се главните приоритети за преостанатите два месеци од времето на Чешка на чело на Советот на ЕУ. Се надевам дека до крајот на годината, министрите за надворешни работи на ЕУ ќе се договорат за новата рамка за идните односи на ЕУ со Русија. Ова е нешто што јас лично го побарав“, изјави чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски, додавајќи дека e важно да се усогласат заклучоците на декемврискиот Европски Совет за „зајакнување на динамиката“ на проширувањето на ЕУ.

Комитетот за надворешна политика на ЕП минатиот месец усвои стратегија за проширувањето која треба да биде усвоена како резолуција на ЕП на претстојната сесија во Стразбур на крајот од месецов. Во стратегијата се предлагаат низа мерки со кои треба да биде јасно илустрирана волјата на ЕУ за давање нов импулс и квалитет во „заборавениот“ процес кој руската агресија на Украина го вади од повеќегодишна кома.

Европратениците во Комитетот за надворешна политика предлагаат Европскиот Совет да утврди дека земјите кои преговараат ќе станат членки на ЕУ до крајот на декадата. Исто така се бара во текот на преговарачкиот процес на земјите преговарачи да им се дава пристап до фондовите наменети ексклузивно за земјите членки и со тоа да се охрабри напредувањето на реформите во преговарачките земји да прават напредок во различните области. Во дадените политички околности особено предлогот на пратениците за прием на нови земји до крај на деценијата звучи тешко остварливо иако гласовите за ваква динамика во процесот стануваат се погласни.

Виола Фон Крамон, пратеничка од германските Зелени во ЕП, тврди дека огромното мнозинство пратеници во Европскиот парламент, без разлика на политичката ориентација, позитивно гледаат на проширувањето. Таа нагласува дека идејата на стратегијата за проширување е „да се наградат оние кои навистина работат на приближување на нивните земји и општества до Европската унија“. Во препораката особено е нагласена улогата на граѓанското општество. Фон Крамон вели дека во заробена држава, граѓанското општество е сигурен извор на проценки за состојбата на државата и дека претставува „клучен актер во целиот регион“.

Проширувањето на ЕУ се искачи на агендата на ЕУ во изминатите месеци, по руската војна во Украина, а на овој процес сега се гледа низ геостратешка и геополитичка диоптрија. Се отвори досега невидена можност за интеграција на земјите кандидати во ЕУ со неизвесна разврска имајќи ја во превдид институционалната криза на самата ЕУ која се уште не може да се снајде по големото проширување во првата деценија од новиот милениум. Голем дел од земјите членки стравуваат дека прием на нови држави би ја искомплицирало и онака комплицираната реалност во европските институции но од друга страна се зголемува бројот и на оние во ЕУ кои сметаат дека интензивирањето на проширувањето ќе го интензивира и процесот на внатрешните реформи во ЕУ. Чешкото претседателство на ЕУ игра на оваа карта што е добра вест за нас но од клучна важност е ваквата тенденција да има континуитет во ротирачкиот механизам на претседавањето со ЕУ. По Чешка во јануари претседавањето го превзема Шведска, држава која го поддржува проширувањето но и земја членка во која успехот на екстремната десница на последните парламентари избори ја поттурна центристичката власт кон десно, или во игра на флерт со популизмот кој не е во корист на актуелните напори на Чесите за нов квалитет во процесот.

 

проширување на ЕУ Чешка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.