Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четири драмски текстови на великанот на македонската театарска и филмска уметност Коле Ангеловски објавени во книга – приредувач и уредник Свето Стаменов

0
By Zoran Ivanov on April 8, 2026 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 8, 2026 21:03

Од печат излезе книгата „Да живее Долна Дупка“ на легендата на македонската театарска и филмска уметност Коле Ангеловски – театарски и филмски актер, режисер и сценарист, комедиограф, писател и раскажувач.

Книгата е своевидна збирка на четири комедии: „Да живее Долна Дупка“, „Аферата ’Рекет’“, „Аферата ’Ладен шприцер’“ и „Птица со главата меѓу нозе“, кои Коле Ангеловски ги напиша во последните десетина години.

Од нив две веќе се поставени на сцените на македонските театри. „Да живее Долна Дупка“, чиј режисер е самиот Коле Ангеловски, премиерно беше изведена на сцената на Театар „Комедија“ на 29 јануари 2025 година и веќе доживеа десетина претстави. Оваа комедија, во која ликовите ги играат Горан Ников, Жаклина Стевковска, Роберт Ристов и Јаков Спасов, успева со леснотија и хумор, а сепак жестоко, низ сатирична визура да ги согледа и да ги претстави нашата посттранзициска стварност, општествените аномалии и отсуството на вредностите.

„Да живее Долна Дупка“, според рецензентот на книгата Горан Смилевски, на извесен начин, е нашиот македонски „Ревизор“. „За ликовите кои живеат во Долна Дупка недостижниот Брисел ја има позицијата која за ликовите од зафрлената руска провиниција ја има далечната престолнина, ликот на градоначалникот е современ и овдешен пандан на Антон Сквозник – Дмухановскиј, додека пак Роберт во рамките на драмското дејствие на ’Да живее Долна Дупка’ ја има функцијата која во ’Ревизор’ ја има Хлестаков“.

„Птица со глава меѓу нозе“, исто така во режија на Коле Ангеловски, пак, премиерно беше изведена на сцената на Драмски театар – Скопје на 10 ноември 2021 година. Преку улогите на актерите Стефан Вујисиќ, Маја Вељковиќ Пановска, Благој Чоревски, Ѓокица Лукаревски, Марија Кондовска, Анастас Тановски, Калина Наумовска, Благица Димитровска и Симон Манасковски, „Птица со главата меѓу нозе“ говори за растргнатоста на индивидуата меѓу сегашноста и минатото, за пандемијата, економската криза и за социјалните превирања во нашава земја.

„Аферата ‘Ладен шприцер’“ од една комична перспектива ни ги претставува аномалиите на начините на кои се одвива локалната самоуправа, а провокативноста на „Аферата ‘Рекет’“, пак, произлегува од тоа што главните ликови се засновани на главните протагонисти од аферата позната на нашата јавност под истото име, но тоа е само почетна точка за Ангеловски, кој на извонредно комичен начин го развива драмското дејствие.

Во сите четири комедии обединети во оваа книга, преку необичните пресврти и извонредно водениот дијалог, Коле Ангеловски успешно им дава драмски облик на актуелностите на нашето време.

Приредувач и уредник на „Да живее Долна Дупка“ е Свето Стаменов, политиколог, новинар и несомнено еден од најплодните македонски публицисти, автор, коавтор, приредувач и уредник на седумдесетина книги од најразлични жанрови, додека, пак, за дизајнот на книгата се погрижи младата македонска графичка дизајнерка Бојана Симевска. Книгата е збогатена и со триесетина колор фотографии од претставите „Да живее Долна Дупка“ и „Птица со глава меѓу нозе“ во Театар „Комедија“ и Драмски театар.

Излегувањето на книгата финансиски е помогнато од Министерството за култура и туризам во рамките на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во 2026 година.

Инаку, Коле Ангеловски, покрај „Да живее Долна Дупка“, автор е и на книгите „Како Орсон Велс ме бркаше по улиците на Мостар“ (2012) и „Педесет години во Драмски и клоцата во…“ (2019), чиј приредувач и уредник беше Свето Стаменов, како и на ЦД-ром со шеесет театарски текстови, кои за првпат беа преведени на македонски јазик, а повеќето од нив беа реализирани како претстави на сите сцени во Македонија.

 

книга коле ангеловски Нова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026
ФОКУС
April 29, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

ВЕСТИ April 29, 2026

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале по телефон, соопшти…

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026
ТИКЕР

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.