Безбедносните сили на Египет уапсиле четири луѓе на „Ал Џезира“ во Каиро. Дописникот Питер Грест, продуцентите Мохамед Фами и Бахер Мохамед, како и камерманот Мохамед Фази се во притвор откако се уапсени синоќа.
Грест е новинар-ветеран кој претхофно работел и за Ројтерс, Си Ен Ен како и Би Би Си.
Според организациите за човекови права, условите за новинарите во Египет се влошени откако беше соборен поранешниот египетски претседател Мохамед Морси, на 3 јули годинава.
Апсењара доаѓаат по серија на судири помеѓу полицијата и поддржувачите на Муслиманското братство. Според Комитетот за заштита на новинарите, Египет, Сирија и Ирак се земјите каде што владеат најлоши услови за работата на новинарите.
„Ал Џезира“ побара итно ослободување на нивните новинари.