Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четиричасовна прес-конференција на Владимир Путин

0
By Нова ТВ on December 20, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пред два дена претседателот на Русија Владимир Путин ја одржа деветтата по ред голема прес-конференција, која траеше 4 часа и 5 минути. Шефот на државата можеше да се искаже практично за сиот спектар на најактуелните, на најважните и на најострите руски и главни меѓународни проблеми, поентите ги објавува Руска реч.

За Украина
Путин рече дека Русија се решила за економски отстапки за Украина во врска со сложената економска ситуација во оваа земја и желбата да му се помогне на стариот партнер. Што се однесува на антируското расположение на демонстрантите во центарот на Киев, претседателот на РФ е уверен дека луѓето едноставно не ја прочитале Спогодбата за асоцијација на Украина со ЕУ. „Погледнете што е напишано таму: пазарите се отворени, пари нема, да се воведат европски норми за трговија и европски технички прописи. Што значи тоа? Индустријата треба да се затвори, а земјоделството да не се развива“, изјави претседателот на РФ. Јасно се гледа промена – да се стане земјоделско продолжено црево на Еврозоната“. Но, ако е тоа избор на некој, тогаш во ред, тоа е нивен избор“. Според него, никој не се обидува на украинскиот народ да му ја украде европската мечта. „Ние немаме никаква врска со тоа, тоа е избор на самиот украински народ и на легитимната власт – да стапува или да не стапува во некаков сојуз, да се потпишуваат некакви документи или да не се потпишуваат“.

За Сноуден
Шефот на државата изјави дека не остварувал средби со соработникот на специјалните служби на САД, Едвард Сноуден. „Јас него лично не го знам и никогаш не сме се сретнале. Јас имам многу тековни работи, а тој има свои погледи за животот, за тоа што треба да прави и како да живее“, рече Путин. – Не можам да кажам дека не ми е интересен. Мислам дека благодарение на господинот Сноуден се сменија многу работи во главите на милиони луѓе, меѓу кои и кај крупните политички дејци на современоста“, изјави претседателот на РФ. На Путин, исто така, му е интересно како поранешниот соработник на Агенцијата за национална безбедност на САД се решил да објави тајни информации за работата на американските специјални служби. „Сепак, тој е релативно млад човек. Што има тој? Секако нема ништо? Каде планира да живее? Тој самиот си направил избор. Благородно, но сложено“, забележа шефот на државата.

Што се однесува до соработката на овој човек со руските специјални служби, тие со Сноуден не работат и никогаш не работеле, изјави Путин. „Јас веќе зборував и ќе кажам со речиси професионален јазик: во оперативна смисла ние со него не работиме и никогаш не сме работеле и не му додеваме со разно-разни прашања во однос на тоа што и како се правело во врска со Русија во службата во која тој работел“, рече Путин на прес-конференцијата.
„Она што таму се исфрла, е исто тоа што е оставено некаде низ целиот свет. Ние не знаеме каде и што има оставено таму“, рече претседателот Путин. Притоа тој напомена дека руските власти му дале на Сноуден можност да живее во Руската Федерација под услов да не се занимава со антиамериканска дејност.

За шпионажата
Одговарајќи на прашањето на сателитскиот канал RTVI за односите на Русија со САД и Германија по скандалот поврзан со материјалите на Сноуден, претседателот Путин изјави дека смета оти американските специјални служби вршат прислушување на телефонските разговори низ целиот свет, пред сè со цел борба против тероризмот.

„Нема никого да оправдувам. Господ да чува. Сепак, во име на праведноста треба да се каже дека сето тоа се прави, пред сè, во борбата против тероризмот, ова се антитерористички мерки“, изјави Путин. Притоа, подвлече Путин, „треба да се помалку или повеќе јасни правилата на определените договори, меѓу кои и оние што се од морален карактер“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.