Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четворица фаворити за најнеизвесните избори во Франција

1
By Светлана Јовановска on April 12, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првиот круг на досега најнеизвесните избори во Франција ќе се одржи на 23 април а вториот е закажан за 7 мај. Французите го бираат својот нов претседател.

На десет дена од изборите има дури четворица фаворити што е вистински преседан во оваа земја. Досега на десет дена пред гласањето се исцртувале двајца кандидати и прашањето било секогаш кој од двајцата ќе дојде во Елизејската палата. Годинава се четворица.

Првото место во овој момент, и според три анкети објавени вчера, и припаѓа на Марин Ле Пен, претседателка на екстремно десниот Национален фронт со 24 посто намери за гласање.

Ле Пен се залага за излез на Франција од ЕУ и од еврозоната, затворање на границите, крај на имиграцијата. Таа смета дека на Франција и е потребен “економски патриотизам”. На пример, фирмите кои вработуваат странци треба, според неа, да платат посебен данок. Потоа, таа предлага вработување на нови 15.000 полицајци, креирање на национална гарда од 500.000 луѓе, нови 40.000 места во француските затвори или можност одземање на француското државјанство. Накусо, програмата на Ле Пен може да се синтетизира со парафразирање на Трамп: Франција прво!

По неа следи младиот Емануел Макрон, одвај 40 години, за кого велат дека ќе гласаат помеѓу 23 и 24 отсто гласачи. Макрон беше министер за економија и член на Социјалистичката партија. Одлучи да излезе и од владата и од партијата и формираше ново движење  “Напред!”, кое има над 250.000 приврзаници, за да се кандидира за претседател. Тој за себе вели дека е центрист но неговата програма кокетира во десниот либерализам. За многумина Макрон е францускиот Маргарет Тачер.

Кандидатот инсистира на “трансформација” на земјата а не само обична “реформа” :  еднаквост на можностите, општество во кое тој што работи ќе биде добро платен а невработениот кој ќе одбие две работни места не треба да зема повеќе помош од државата, модернизација на економијата и безбедност за нацијата. Макрон нема намера да го доведува во прашање членството на Франција во ЕУ.

Потоа следи десничарот Франсоа Фијон со 17 до 19 отсто гласови. Фијон беше премиер во владата на Никола Саркози и успеа да ја добие довербата на 2 милиони Французи кои можеа да гласаат на изборите на Републиканската партија на кои се одлучуваше кој ќе ја претставува партијата на 23 април. Фијон тргна во трката како фаворит. Но, редица скандали, во кои се откри дека тој ги вработил своите деца и сопругата во парламентот, ги поматија неговите сметки. Соочен со овие скандали се очекуваше дека Фијон ќе се откаже од претседателската трка но тој реши да оди до крај.

Tри приоритети стојат во неговата програма: ослободување на економијата, враќање на авторитетот на државата и афирмација на француските вредности. Тој најавува намалување на даноците на фирмите и намалување за 50.000 на бројот на државните функционери.

За него велат дека «кандидат на богатите» и на католичката Франција.

За левичарот Жан-Лук Меланшон, 66 години, велат дека ќе гласаат 18 отсто Французи. Но со секој нов ден, процентот на гласачите кои се изјаснуваат за него, незапирливо расте. Толку многу што берзите паничат а францускиот претседател изјави дека би било опасно овој популист да стане шеф на државата.

За Меланшон ова не е прва претседателска трка. Тој повеќе пати бил кандидат но досега не успевал да се искачи помеѓу фаворитите. Овој пат, неговата лева програма, за некои дури радикално лева, очигледно им се допаѓа на Французите разочарани од двете најголеми партии – социјалистите и десните републиканци. Меланшон формираше исто така движење наречено “Непокорната Франција”. Проценките велат дека над 350.000 лица се членови на ова движење.

Меланшон е голем приврзаник на новите технологии па така, на почетокот на неговата кампања, тој употреби холограм и одржа митинг во Лион и во Париз истовремено.

Овој левичар, кој во два мандати беше европски пратеник, не сака излез на Франција од ЕУ. Но смета дека треба повелбите на ЕУ треба да се сменат и да бидат ставени на референдум. Тој исто така се залага за еквидистанца на Франција со Русија и со САД, смета дека богатите треба да плаќаат поголен данок и сака Франција да премина на обновлива енергија.

Во однос на имиграцијата, една од големите теми на овие избори, Меланшон сака да го легализира престојот на странците кои имаат работа и оние кои ќе добијат азил.

Во оваа четворка го нема Беноа Амон, 50 години, кандидатот на социјалистичката партија. Амон предлага универзален приход за Французите, еколошки данок, не го доведува во прашање членството на Франција во ЕУ и НАТО, напротив предлага зголемување на буџетот на одбраната.

Социјалистот предлага реформа на образованието, вработување на нови 40.000 професори, нема ништо против муслиманската шамија. Но, според анкетите, одвај 10 отсто Французи рекле дека би гласале за него.

Неизвесноста ја зголемува и процентот од над 30 отсто Французи рекле дека ќе гласаат но се уште не се одлучиле кому ќе го дадат својот глас.

Француските аналитичари тврдат дека во вториот круг ќе се најдат, најверојатно, Ле Пен и Макрон. И дека во вториот круг Французите, особено оние кои не гласале во првиот круг, ќе ја “разбудат” својата граѓанска совест и ќе излезат на гласање за да не дозволат екстремната десница на дојде на власт.

Треба да се подвлече дека веднаш по претседателските избори во Франција се одржуваат и парламентарните избори што ќе му овозможи на новиот претседател да одбере премиер и да се формира влада. На парламентарните избори Французите обично ја носеле на власт политичката партијата на претседателот со што најчесто се избегнува кохабитација на две институции – претседател и влада – со две различни идеологии.

На 23 април и 7 мај ќе се види дали анкетите биле огледало на реалноста или погрешиле во предвидувањата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.