На ФБ денeска се појави пост со грчка песна од 1945 која фрапатно потсетува на нашата “Кажи зошто ме остави” . Дали Шпато препишал од Грците или..!? Во прилог на дилемата видете го и многунаградуваниот документарец „Чија е таа песна!“
На ФБ постот на Јована се поведе дебата дали Шпато направил препис или станува збор за нешто друго.
Ситуацијата не потсети на еден многу наградуван докуметарен филм на нашата колешка од Бугарија Адела Пеева сонаслов „Чија е таа песна?“
Филмот на моменти комично а нa моменти застрашувачки укажува на фактот колку народите на Балканот се слични и колку динамична била нивната соработка и блискост низ историјата. За жал како што ќе видите и во филмот блискоста на овие народи во минатото, испреплетувањето на, во случајов музичките мотиви, денеска е повод за конфликтни ситуации кои ги генерираат националистичките концепти со нивната ексклузивност.