Најмалку 12 луѓе загинаа, а 2.000 уништени куќи во пожарот кој се шири во делови на чилеанскиот крајбрежен град Валпараисo и којшто се уште не е угаснат.
Пожарот изби во саботатат, а го раширија силните пацифички ветрови, беснее на површина поголема од 700 хектари во шумски и ридски предели на градот.
Со канадери и противпожарни хеликоптери пожарникарите се борат против огнената стихија. Гаснењето го отежнива лошата конфигурација на теренот.
Во неделата градот беше обвиен во густи облаци чад, а улиците беа покриени со пепел. Неколку илјади луѓе се евакуирани од нивните домови.