Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Членството во НАТО е готова работа штом ќе се реши името

0
By Нова ТВ on July 10, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во одвоени интервјуа, за Гласот на Америка аналитичарите Едвард Џозеф и Даниел Сервер говорат за рефлексиите од влезот на Хрватска во ЕУ и евроатлантските перспективи на Македонија.

Според Џозеф една консеквенца на одложувањето на македонската интеграција би била фрустрацијата кај албанското малцинство, кое, вели, спорот за името го гледа како пречка за побрзо зачленување во ЕУ и НАТО.

„Членството во НАТО е готова работа штом ќе се реши спорот со Грција. Проблемот е комплициран, како што е секогаш со Атина, затоа што никогаш не е добро време за решение. Или владата во Атина е силна, или пак земјата е на раб на избори и не треба да се притиска, или – како што е сега – се наоѓа во криза. Секогаш има изговор, причина. За жал, тоа ја остава Македонија без добар пат, освен доколку не најде начин со медијаторот за некакво решение“, вели аналитичарот од Центарот за трансатлантски односи при Универзитет Џонс Хопкинс во Вашингтон.

Даниел Сервер од Катедрата за постдипломски меѓународни студии при Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон, пак, во моментов не гледа решение за спорот со името и вели дека е тешко да се предвиди како ќе биде решен:

„Македонија би требало да стане членка на НАТО под референцата – поранешна југословенска република Македонија, како што и` се наведува во Привремената спогодба и верувам дека треба да биде направено. Би сакал да можам да ја убедам мојата влада во тоа, која мислам дека истото и би го дозволила, но проблемот е дека треба да стори повеќе од тоа – треба да ги убеди Грците да го дозволат истото. Би сакал да ја видам Македонија во НАТО, дури и со нерешено прашање за името, а да се приклучи на ЕУ само кога ќе го реши. Ова јасно го разбираат сите македонски политичари, дека нема влез во ЕУ без решение за името“, вели овој поранешен аналитичар на Американскиот институт за мир.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.