НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чуму протест против климатските промени во најзагадената држава во Европа?

0
By Нова ТВ on March 7, 2019 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
Фото: Global climate strike (ФБ)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 15 март, пред Владата во Скопје, ќе се одржи протест кој е дел од глобалниот протест против климатските промени, во кој главниот збор ќе го имаат младите! Протестот ќе биде истовремено во 40 земји, на сите континенти, поврзани преку иницијативата Fridays For Future.

Пишува Иво Босилков, докторанд на Универзитетот во Милано

Кога пред месец дена преку Енди Батентиер, социолог и драг колега од докторските студии, ме контактираа луѓето кои од Франција го координираат глобалното движење Fridays for Future, со барање да организирам собир во Скопје против климатските промени, целиот концепт ми звучеше бесмислено, дури и смешно. Овие луѓе ми делуваа како нивната Амели Пулен, симпатично наивни идеалисти, чија идеја да ја вклучат и Македонија во глобалните демонстрации на 15-ти март нема допирна точка со реалноста. Тие едноставно немаат претстава колку е очајна состојбата на животната средина кај нас, си помислив. Да имаа, ќе разбереа дека некому кому му гори куќата, тешко дека ќе се нафати да го поправа фрижидерот.

На мое огромно изненадување, активистите од иницијативата знаеја за нашиот пожар. Знаеја дека воздухот во нашата земја е најзагаден во цела Европа, и дека таа ситуација не само што со години не се подобрува, туку напротив, се влошува. Тоа беше првиот знак дека можеби грешам со мојот скептицизам. Овие млади луѓе беа целосно свесни за мизеријата во која живуркаме, но нивниот став не беше дека веќе е предоцна да се спасува Македонија, па затоа треба да ги фокусираат ограничените ресурси на тоа што може да се спаси. Таа нивна симпатична наивност ги прави да размислуваат на сосема поинаков начин: или сите ќе успееме, или никој нема да успее. Радикалноста на овој пристап е правопропорционална со неговата рационалност. Ако тие веруваат во нас, како би смееле ние да бидеме толку арогантни да не веруваме во нив?

Вториот знак беше токму таа аналогија со расипаниот фрижидер, која сосема случајно како пример ја наведе Енди, додека се обидував да му ја објаснам залудноста на идејата за протест против климатските промени во Скопје. Види вака другар, ми вели, која ти е првата асоцијација на расипан фрижидер? Загуба на храна! Сега, замисли дека постои некаква мистериозна причина поради која сите фрижидери, во сите куќи систематски се расипуваат. Што ќе ти помогне ако ја напуштиш куќата која гори, ако во новата куќа постојано ќе снемува храна? Задоволно ги скрсти рацете колегата, чекајќи одговор.

Освен тоа дека метафората му е несмасна, суштински контрааргумент немав, затоа што тоа е навистина фундаменталниот ефект на климатските промени. Иако повеќето граѓани се свесни за поимот, малкумина од нив знаат точно на кој начин ќе ги погоди нив нично. Повеќето мислат дека проблемот ќе ги тангира оние што живеат на морските брегови, или некои далечни африкански и азиски земји. Вистината е дека медитеранскиот и централноисточниот европски регион ќе бидат меѓу најпогодените од климатските промени, и според најновите научни извештаи, за две до три децении ќе се претворат во предел на невидени суши и шумски пожари, кои полека ќе го трансформираат во нешто налик на пустина. Во вакви услови, водата и следствено храната, од секојдневие, ќе станат привилегија. Прогнозите велат дека родот на пченица и ориз ќе падне меѓу една третина и една половина од сегашниот, веќе околу 2050-та година.

Крахот на земјоделието, особено во земјоделска земја како Македонија, има потенцијал да го урне целото општествено уредување. Шверц, насилство и масовна миграција ќе биде иднината на оваа земја порано од сите други, ако системите кои обезбедуваат основни потреби престанат да функционираат.

Нам ни е надреална ваквата дистопија во стилот на Лудиот Макс не само поради оваа просторна заблуда дека климатските промени се однесуваат на топењето на Арктикот и на “некои си таму бушмански племиња”. Тука е и временската димензија, која претставува најголема пречка за неопходната колективна акција.

Од психолошки аспект, да се обезбеди моментум чии последици ќе бидат видливи децении од сега, е практично Сизифовска работа. Оттаму доаѓаше и мојата најголема дилема околу организацијата на собирот. Тука веќе не се работи за неинформираност, како во случајот на просторниот аспект. Тука се работи за немоќ.

Македонија не ниту светот на Амели Пулен, ниту оној на Лудиот Макс, барем не се уште.

Македонија е проекција во живо на хорор филм во кој ликовите еден по еден ги голта смртоносната магла. Веќе е беспредметно да се набројуваат сите начини на кои го уништуваме природниот еквилибриум: рудници на смртта, палење на отпад во Дрисла, сеча на Водно, испуштање невидени количества отровни гасови од индустриските капацитети, и уште мал милион примери. Но, првото лице множина е погрешен израз. Не ние, туку тие го уништуваат природниот еквилибриум додека ние граѓаните пасивно посматраме од страна. Тие се економските и политички властодршци, на чија душа оди оваа еколошка криза.

Првите го предизвикуваат загадувањето со нивната алчност. Вторите им дозволуват неказнето да го прават тоа. Еколошките здруженија не успеаја да им застанат на патот на овие недопирливи моќници поврзани во лукративна симбиоза, корумпирани до срж, без никаков морал и чувство за општото добро. Нивните барања се континуирано игнорирани. Но недопирливите допрва ќе се соочат со вистинскиот противник – младите.

16-годишната девојка која го инспирираше движењето Fridays for Future, швеѓанката Грета Турнберг од Стокхолм неодамна загрме пред светските лидери во Давос дека новите генерации нема да им дозволат да им ја одземат иднината. Таа и нејзините врсници планираат да протестираат секој петок се додека елитите не донесат јасен план за останување под критичната граница на глобалното затоплување – два степени Целзиусови.

Ова движење веќе ја има идентификувано Македонија како најслабата алка во ланецот. Затоа и бараат акција од нас. Ако ние не придонесеме за ставање на глобалното затоплување под контрола, тогаш ќе бидеме меѓу првите кои ќе се најдат на удар на климатската пустош. Актуелната состојба не засега сите, но нејзината долгорочна поврзаност со глобалните климатски промени е тоа што ги прави сите тие наши изолирани еколошки битки дел од една единствена борба. Таа борба ќе ја водат младите, но ние возрасните мораме да им го покажеме патот.

Довербата која ни ја укажуваат организаторите на Fridays for Future во остварувањето на таа цел е израз на меѓународна солидарност која може да се спореди со онаа по земјотресот од 1963. Најпосле, ние и сега сме соочени со катастрофа, и ако не го отфрлиме цинизмот и апатијата дека не можеме ништо да промениме, ќе продолжиме да се задушуваме додека не снема храна. Но ако сакаме нашите деца да преживеат, ќе ја прифатиме подадената рака и заедно ќе напишеме нова историја.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.