Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чупеска: Луѓето кои во моментов управуваат со институциите очигледно решиле да “играат со оган”

0
By Zoran Ivanov on April 7, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 7, 2026 14:55

Амандманот 5 не е предмет на пазар, туку е цивилизациска придобивка на либерална демократија, и секој обид за негово поништување е директен чекор кон политичка дестабилизација.

Ана Чупеска

Бидејќи, ОРД е конститутивната супстанца на државата и потребен ни е точен и прецизен однос кон дрската реактуелизацијата на затворените прашања!

Со др.зборови, за јазиците и контекстот на нивната очигледна злоупотреба мора да се зборува со политиколошка прецизност и без деструктивни еуфемизми.

Прво,

Охридскиот рамковен договор (ОРД) не е само историски компромис; туку, тој е нашата реална конституција и иманентен услов за политичкиот опстанок на државата.

Оттука, секој обид за негово релативизирање претставува директен атак врз државната кохезија!

Во таа смисла, сакам да нагласам дека, како демкократка, цврсто стојам на позицијата за оправданоста и за потребата од негувањето на автентичниот мултикултурализам како општествен модел , и особено на нормативниот мултикултурализам, гарантиран во Уставот, исто така!

Токму затоа, чувствувам и должност да алармирам дека сум сериозно загрижена од упорните обиди на одредени ретроградни субјекти за тенденциозно деструктуирање на ОРД.

И, ова не е само политичка дебата, туку опасна инструментализација на Уставот!

Безобзирна и субверзивна.

Очигледна имено е тенденцијата за институционална ерозија преку заобиколување на Амандманот 5. При што, недозволиво е Уставниот суд, наместо да биде врховен филтер на законитоста, намерно да го маргинализира амандманот 5– темелниот столб на јазичната еднаквост. Оваа деградација на правото се одвива преку две перфидни стратегии:

  1. Политичко тактизирање и „процедурален лимбо“: со свесното оддолжување на одлуките, се креира правен вакуум кој служи како полигон за политички манипулации со најчувствителните идентитетски прашања. (20те %)
  2. Технократски формализам наспроти уставната суштина: наместо Судот да го штити духот на Уставот, тој се засолнува зад банални технички прашања, свесно игнорирајќи го Амандманот 5 како нераскинлив дел од нашиот вредносен поредок ( сејф сити).

Но, ова некако неможе туку така да се гледа изолорано и вон контекст, бидејќи очигледно дека постои координирана деструкција на поредокот низ повеќе пунктови на формална моќ!

Или, овие феномени не се изолирани инциденти, туку симптоми на поширока, опасна координација.

А таа кординација се разоткрива преку наивната реториката и практика на министерот Филков, насочена кон дерогирање на Бадентеровиот принцип(прво со интервјуто во Фокус, сега со полагањето испити), во корелација со административните блокади на процесите кои произлегуваат од ОРД.

Ова е уште една надсинхронизирана балетска претсава што требало да биде Лебедово Езеро, но, во главна улога не на Бел, туку е Црни Лабуд!

Накратко,

Луѓето кои во моментов управуваат со институциите очигледно решиле да “играат со оган”.

Зошто ? Бидејќи тие го предизвикуваат поредокот во неговата најчувствителна точка, заборавајќи дека токму Рамковната Позиција за сожувот е гарантот за внатрешната стабилност!

И, додека одредени политички актери зад сцената тргуваат и поминуваат на границите, и се договараат со оние кои го уриваат овој систем, знам дека овде има луѓе кои остануваат суштински посветени на одбраната на државноста и уставниот интегритет.

Не сме малку.

Поради тоа што, амандманот 5 не е предмет на пазар, туку е цивилизациска придобивка на либерална демократија, и секој обид за негово поништување е директен чекор кон политичка дестабилизација.

Од Фејсбук ѕидот на авторката

Ана Чупеска став
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
ФОКУС
April 12, 2026Updated:April 12, 2026

Денеска е Велигден – ден на Христовото воскресение

ВЕСТИ April 12, 2026

Православните христијани утре го одбележуваат Велигден – празникот на Христовото воскресение, кој се смета за…

По 1.117.515 километри и круг околу Месечината НАСА го спушти Орион на Земјата

April 11, 2026

Руте: Трамп е во право за Гренланд

April 9, 2026

Стартува новиот систем за влез во ЕУ – од утре повеќе чекање на нејзините граници

April 9, 2026
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.