Ана Чупеска: Политичките оставки, особено колективните, може да бидат доживеани како морален чин во јавноста, што е легитимна перцепција. И тоа е добро! Меѓутоа, од суштинско значење е да се разгледа целта и политичката јасност на ваквиот потег. Изостанува најкритичниот чекор – утврдување одговорност за изборниот резултат.
Во конкретниот случај, каде што се поднесуваат колективни оставки, останува една клучна „непозната“ која може да ja поткопа нивната политичка тежина: тоа, имено, е отсуството на претходно утврдување на одговорностa. Утврдувањето на одговорност пак, не може да се оствари ако има недостаток на дискусија за изборниот процес и резултатите, ако нема извештај кој детално ги анализира причините за постигнатиот резултат, ако се изоставуви jавна дебата за проблематичните одлуки во изборниот процес, како и други клучни прашања кои влијаеле врз исходот.
Без овие елементи, оставките може да бидат сфатени како формална, а не суштинска одлука и колективната оставк рескира да биде толкувана како формален потег кој го избегнува суштинското соочување со причините за неуспехот. Со тоа, целта на ваквите оставки не е целосно постигната, тие создаваат вакуум на нејасност и сомнеж во јавноста за вистинските мотиви и причини.
Извор: Прес онлајн.мк
