НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чупеска: Нема никакво фајде од егзибиции од типот “СДСМ се криви ВМРО што се на власт”.

0
By Marija Todorovska on May 27, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Никако човек не може да се воздржи од коментар, па и два, за социјалдемократите, поточно за нивната иднина непосредно, а посредно и за состојбата со демократијата во земјата. После онаков драматичен нок даун,“ вели универзитетската професорка Ана Чупеска за „Либертас“.

Според Чупеска, клучно е да не се влезе во анализи од позиција на blame games, или како што вели Поповски, бесмислено е да се пука на мртов Германец. 

„Значи, воопшто нема никакво фајде од егзибиции од типот “СДСМ се криви ВМРО што се на власт”. Исто како што нема фајде ни од разулавени и изгубени по фејсбукот исповеди од партиски членови, па и препирки, за тоа кој каков бил, кој што направил, кој е крив, кој е прав или можеби е нездрав. Мислам дека малку е неупатна и бесмислена таа сокачарска расправа,“ посочува Чупеска.

Чупеска упатува на три важни работи. Прво, расправата да се насочи кон конкретни методи и солидна сила во правец да се спречи понатамошното кооптирање кон победничкиот естаблишмент. Второ, СДСМ  да се ситуира повторно низ потребата од идејно угнездување и анимирање на оние кои не се членови, а сепак се прогресивни по убедување. Што подразбира изградба на идејна и вредносна коалиција меѓу овие две структури. И трето, вредноста на мултикултурата која беше prima sticky материјa, ќе мора одново да се утаби на новите шини, односно да се втисне, пломбира. И ова е од особена вредност сега кога условите се вистински предизвикувачки за ваков идеен come back на мултикултурата, вели Чупеска, заради тоа што политичката понуда го понуди етнонационализмот на најјако и се покажа, имено, воедно и како најпрофитабилната платформа во гласови.

„Но, сепак, оригиналната позиција не би смеела да се напушти. Зошто, ако се тргне натаму, во такви некои националистички реформски зафати, освен што самата социо-демократска идеја ќе биде доведена во прашање, последичниот одиум исто така ќе ја соочи со перфектно слаб перформанс, прво како да е нешто неприродно, и второ, ќе биде тоа најслабиот етно-националистички политички субјект соочен со докажани наци-габарити од секаков победнички вид.Оттука, нужна е мислам една старо-нова мултикултурална артикулација, изведена по свежа метода и низ нови внатрепартиски процедури. Оригинални и уникатни,“ истакнува Чупеска.

Во однос на внатрепартиските состојби, Чупеска посочува дека тие добиваат чудни димензии и изразува убедување дека важно е  во СДСМ да се осигура дека ќе има баланс меѓу континуитетот (на пр. преку заседание на првенците и наследниците) и дисконтинуитетот (новото СДСМ). 

Чупеска потенцира дека СДСМ, исто така ќе мора да расчисти еднаш за секогаш со клиентелизмот. Притоа важност ана тоа ја гледа во една многу проста демократска причина, дека секоја демократија, па и на нашата, неопходна и е здрава, пргава, и силна опозицијата. Во спротивно полесно постанува автократија.

Ана Чупевска ВМРО ДПМНЕ СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.