Ана Чупеска:Како СДСМ, наш апсолутен приоритет е да настапиме самостојно и силно на претстојните локални избори. Работиме на понуда со најдобрите можни кандидати – луѓе со интегритет, кредибилитет, професионално искуство и реална препознатливост во своите средини. Целта е да понудиме квалитетна и одржлива опција за граѓаните.
Подготвени сме се за соработка во специфични општини каде граѓаните тоа јасно ќе го побараат и каде што соработката би значела одговор на конкретната локална потреба. Како одговорна партија, остануваме отворени за разговор доколку се појават специфични, итни и важни потреби на локално ниво – но тие ќе бидат исклучоци, а не правило.
Извор: Слободен печат.мк