Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чувари на јавниот или државниот интерес

0
By Нова ТВ on April 4, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Имате илузија дека можете да промените нешто, но всушност не можете да го направите тоа. Кај нас јавниот збор никогаш немал тежина. И тоа почнува да ви пречи, што воопшто нема ефект, нема никаква последица. Се прашував многу пати зошто сè уште сум тука. Тоа не е добро платена работа, немам желба за експонирање… Некаде секогаш ми беше одлично направиш промени, да укажеш на нешто, на неправда, да после твоите минути, некој ќе се чувствува подобро, но кога ќе сфатите дека тоа го нема или дека не е доволно, се прашувате што правам со себе, со другите… јас повеќе не верувам во тоа“.

Вака ја опишува својата работа наша соговорничка, кој е неколку децении работи во јавен сервис.  Јавните медиуми најчесто почувствуваа промена на политичката власт во Србија, главно, преку промени во управни одбори и поставување на нов уредник. Сепак, со последните измени и  она малку што е изградено со демократски промени – полека но сигурно се уништува.

Важна одредница на состојбата на медиумските работници во медиумите на јавниот сервис е самата работа, редакцијата и програмската независност, и врз основа на овие три параметри се мери степенот на изложеност на притисоци, пишува Ѓорѓе Влајиќ во книгата „Пасивен активизам на новинарите“. Србија моментно има два јавни медиумски сервиси, а имаше медиуми во сопственост на локалните власти, кои беа приватизирани до крајот на 2015 година.

Притисокот што медиумите го трпат, влијае на нивната професионалност, но не се врши само од надвор, преку политички притисок, туку и од внатре – преку изборот на уредници, менаџери, на “прифатливи” новинари, вработување на квази-новинари кои се дел од партиската структура, и, во најмала рака, преку директна дискриминација на работа.

„Една година пред приватизацијата следеше промена на власта, така што директорот беше сменет,  дојде друг што го смени начинот на работа во редакцијата. Претходно, имаше некои правила, но тоа не беше толку строго. Имаше повеќе слобода. Кога имаше промена на владата, ми ги одзедоа ресорите. Образложението беше дека не сум била квалификувана за тоа “, вели новинарка на која потоа и се давале сектори, кои претходно не постоеле во овој медиум. Поради одбивањата да работи на тоа, морала да пишува образложенија.

Нејзиниот колега вели дека почнале да се носат нови луѓе по промените.

„Тоа е тим кој нема постојан договор. Тоа е првиот страв и не ни поставувате многу прашања. Тие немаат многу искуство во овој бизнис, и тие не се научени да работат подлабоки приказни, па затоа се погодни за таквиот начин на работа“, објаснува нашиот соговорник.

Според истражувањето објавено од Фондацијата „Славко Чурувија”, „Контрола и слобода на медиумите: сведоштва на новинарите“, речиси 40 отсто од новинарите изјавиле дека уредникот им наметнувал тема за која немало професионално оправдување, а на исто толку од нив им бил сменет контекстот на текстот или насловот, со цел одредени личности или настани да бидат прикажани позитивно или негативно.

„Во јавниот сервис сеуште постои идеологија која вели дека сме должни да го штитиме државниот интерес. И тоа е традицијата која постои во Српската радио-телевизија и Радио Телевизија Војводина. Пресврт во новинарската професионална идиологија – ние сме јавниот сервис, а не државна телевизија – се одвива многу бавно. Тие едноставно прифаќаат дека поради нивната важност мора да ги заштитат интересите на државата. Еден од интервјуираните новинари во истражувањето вели: „Мене уредникот ми рече дека сме јавен сервис, а не борци на опозицијата. И треба да го памтиш во својата глава“. Националните интереси сè уште се поважни, а не јавноста која треба да набљудува. Оваа непроменета професионална идеологија се гледа во јавниот сервис“, вели Јованка Матиќ од Институтот за социјални истражувања, кој спроведе истражување за медиумската контрола во Србија.

Ова е потврдено и со сведочењето на еден од новинарите со кои разговараме: „Луѓето ни велеа: „ Кога доаѓа новата влада, работите секогаш се менувале. Колку промени сум видел“. Луѓето не ги разликуваат промените на раководните позиции, и јас тоа не го одобрувам, но можам да разберам. Но, ако видите дека вашиот систем работи и дава резултати, тогаш веројатно нема да го допрете овој систем. И тогаш ми доаѓаш со приказна дека тоа е нормално. Па, тоа не е нормално. Каде е ова нормално?“

МОБИНГ, ЗАКАНИ, ОТПУШТАЊА

Во такви средини, новинарите кои се обиделе и се обидуваат професионално да ја вршат својата работа, се соочуваат со голем број на проблеми – дискриминација, негативна селекција, мобинг, прашања за способноста за работа, неможноста на професионална работа, како и негирање на работата за прашања од јавен интерес.

„Претходно правевме критички текстови, истражувавме, вртевме телефони, ги мачевме јавните служби додека не добиеме одговор и се прашувавме зошто им е потребно толку време за одговор.  Денес, во мојот медиум, новинарот ѕвони, да речеме во Водовод, бидејќи жителите на една улица немаат вода и тие велат – ќе биде решен. И новинарот пишува дека проблемот ќе се реши и тука целата приказна завршува. Ова не е новинарство“, вели нашиот соговорник, кој беше отстранет од неговата позиција, бидејќи припаѓал на “претходната уредувачка политика“.

„Денес, главно сум во редакцијата, преземам и преработува, од агенциите, повеќе не одам на терен. Значи – рече, додаде, нагласи, посочи … и тоа е тоа. Како на лента. Нулта креативност и пакување. Во програмата нема многу наши авторски текстови како порано.  Уредник доаѓа, одлучува што му треба, работата е предодредена и од некои државни службеници“, вели еден од нашите соговорници.

Тој објаснува дека, по политичките промени, не е воопшто дозволено да работат од, како што вели тој, стравовите дека можеби нешто намерно ќе им направат. .

„Во почетокот не ни даваа ништо да работиме. Тоа траеше долго време. Доаѓаш на работа,  одиш на кафе, седиш и пиеш. Ниту они сакаат да ти дадат нешто ниту прифаќаат дел од твоите предлози. Никогаш не рекле не може туку ајде, ќе видиме. На крајот разбираш каде си. Со текот на времето, се откажуваш од оние приказни што знаеш дека нема да поминат, ќе видиш дека не вреди повеќе и се предаваш“.

ШТО ИМААТ ХОНОРАРЦИТЕ СО СИНДИКАТОТ?

Сите наши соговорници, во локалните, регионалните или државните медиуми, наведуваат дека синдикатите во такви ситуации не биле корисни. Главната поддршка и помош беа новинарските здруженија.

„Ниту еден од синдикатите не сакаше да се замери со новото раководство. Единственото нешто што го имавме како чувство на сигурност беа адвокатите преку новинарската заедница“, вели еден од соговорниците.

Новинар од јавниот сервис, во моментот кога почнаа да му ја намалуваат способноста за работа, исто така, побара помош од синдикатите – но тој никогаш не ја доби. Вели, се почувствувал сам на работ.

„Две години е мојот случај на суд. Ми го земаа работното место, ме преместија на друго, ми прекинаа емисија од еден час на шест минути и на крајот ми го намалија хонорарот на 50 евра. Благодарение на Здружението на новинари и правна помош, јас прво се спротивставив на одлуките што беа направени, но избувна судир, бидејќи – како може хонорарец да се буни против мобинг? Моќат вработените, но не и модерните робови. Но, се разбира, можеме. Тие не ми дадоа одговор на приговорот, но ми дадоа отказ. И тогаш поднесов тужба за мобинг. Две години траа овој процес и е во тек, а според закон треба да се реши итно. Некои дури не дочекаа да им се процесуираат нивните тужби“, објаснува новинар кој денес е “фриленсер“.

Неговата позиција е додатно отежната од фактот дека бил хонорарец, бидејќи според студијата „Закон за работни односи и медиумите“, од Белградскиот медиуми центар и Центарот за независно новинарство од Молдавија, во Србија, досегашното искуство покажува дека синдикатите успеваат да учествуваат во Програмата за заштита на работничките права на новинарите, главно, кај јавните медиуми, но слободата на синдикално организрање се бави само со вработените. Хонорарните соработници се исклучени од било каков вид на договор што синдикатите ги постигнуваат во рамките на една медиумска куќа.

Помеѓу нашите соговорници, еден 15, а друг 12 години работел хонорарно за јавен медиум. Во меѓувреме, неколку пати конкурирале за вработување, но никогаш не биле прифатени, главно поради финансиски изговори, иако, според сведоштвото на еден од нив, во тоа време во истата медиумска компанија биле вработени неколку нови луѓе.

„Тие доаѓаат на неколку месеци, а потоа ги вработуваат. Тоа беше партиски кадар. Тие претходно ниту биле новинари, но беа донесени и останаа во бизнисот на новинарството“, сведочи еден од соговорниците.

Новинарка од радио ја советувале да не дава отказ, иако, како што вели таа, била прилично бесна  и само сакала да замине. „Тие сосема ми ја направија работата бесмислена, и ми беше толку непријатно, но колегите ми велеа тие треба мене да ми поднессат оставка, а не јас нив“.

ДА СЕ ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ ИЛИ САМО ДА СЕ ДРЖИ МИКРОФОНОТ

Според зборовите на извршната директорка на Центарот за политички истражувања, Тања Јакоби, новинарите се луѓе кои најмалку знаат за своите права, што е потврдено со сведочењето на нашиот испитаник: „На крајот, не оставија  во неизвесност, така што не сакаа да споделуваат информации со нас, за нашите права, па моравме да одиме во синдикат и сами да се брифираме за нашите права. Неколку дена пред процесот, директорот попушти и свика состанок, каде рече дека радиото ќе престане да постои, дека немало средства од градот, и да потпишеме ќе добиеме технолошки вишок, и тоа е тоа“.

Материјалната позиција, просечната плата која е околу или под националниот просек, со исклучок на платите на менаџментот и уредникот, постојаниот притисок за намалување на бројот на вработени, сомнителната деловна програма и уредничката независност, оставаат простор за сомневања за прекршувања на правата на работниците во јавните медиуми, смета Ѓорѓе Влајиќ.

„Страв, незнаење, грижа за сопствениот приход, тоа е судбината на сите нас што ги креваме главите и се бориме за нормални работни услови. Новинарите се чувствуваат несигурни, немаат никаква гаранција дека нивните права ќе бидат почитувани, а тоа е загатка на сите проблеми во Србија“, вели еден од нашите соговорници.

Поради ситуацијата во јавните медиуми, во последните години, вработените се побунија во Србија, а најголем бунт избувна во Радио-Телевизија Војводина, по промената на раководството по политичките промени во покраината.

Движењето #ПоддршкаЗаРТВ извади на улица илјадници граѓани кои го бранеа правото на слобода на информации, додека некои помали, но подеднакво важни немири, како оние во Радио Суботица, останаа далеку од очите на јавноста. Ниту еден бунт не спречи преземање или целосно уништување на медиумите. Според истражувањето за контрола врз медиумите, самите новинари сметаат дека се одговорни за состојбата на професијата и немаат храброст и солидарност. Сепак, според Јованка Матиќ, новинаритепрвенствено не се заштитени и за тоа е неопходно да се има колективен договор на државно ниво.

„Кога би имале колективен договор кој навистина ги штити нивните права, тогаш тие може да му кажат на сопственикот или на директорот дека не можат да се мешаат во она што го прават. На пример, ако има договор кој го штити главниот и одговорен уредник од директорот, а кој значи дека уредникот го бираат новинарите, тогаш би имале поинаква слика. Новинарите никаде немаат право да одлучуваат кој ќе биде нивниот уредник“, потсетува Матиќ.

Негативната селекција е составен дел од внатрешната контрола во редакцијата, а со тоа страда и професионализмот.

„Поголем професионализам имаше кога влегов на работа, во средината на 90-тите години отколку во последните 10 години. Не можеше да влезе некој кој не завршил факултет. Точка. Во последниве години, медиумската таблоидизација дојде и во државните медиуми. Основниот принцип беше да се ангажираат млади кои ќе трчаат наоколу, а ние ќе го спакуваме,  но така не се работи. Ниту тие учат, ниту пак имаме квалитетни информации“, вели една од нашите соговорнички и додава:

„Имате новинари кои мислат дека се новинари, а не знаат дека не се. Имате и такви уредници денес, и зошто таков уредник би ангажирал некој подобар од себе?  Нема“.

Според една од нашите испитаници, новинарот е човек кој поставува прашања и бара одговори за јавниот интерес. Но така е се помалку и помалку. Новинарското прашање, како главна алатка на ова професија, е убиено, како што вели Тања Јакоби. Во повеќето случаи денес има држачи за микрофон, вели една од соговорничките.

„Но, да знаете, дури ни тоа држење на микрофонот не стана толку лесно. Знам луѓе што имат направено се што е побарано од нив, но случајно не избришале два збора од прилогот. Тие беа суспендирани на седум дена, со препорака да не се испраќаат на поважни настани. Се работи за банална материја, која во никој случај не го менува контекстот на прилогот. Па така, дури и држач на микрофон да си, веќе не е толку лесно“.

*Овој текст е објавен како дел од регионалниот проект „Невидливото насилство: приказни од редакцијата“, поддржан од ЕУ и дел од програмата „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување“, имплементиран од Хрватското здружение на новинари, како дел од проектот „Регионална платформа за застапување за слобода на медиумите и безбедност на новинарите од Западен Балкан“. Проектот се реализираше преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија: Независната асоцијација на новинари на Србија, Здружението на новинари на БиХ, Хрватското здружение на новинари, Здружението на новинари на Косово, Здружението на новинари на Македонија и Унијата на медиуми на Црна Гора.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.