Според новиот план, којшто денеска го објави градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг, продавачите нема да смеат да ги изложуваат цигарите на видливи места во продавниците.
Веднаш следеа жалби од фабриките за преработка на тутун и од страна на пушачите кои се веќе уморни од мерките кои постојано се превземаат против пушачите во тој град.
Сите продавниците, од трафики до супермаркети, ќе мора да ги чуваат цигарите во специјални ормари, фиоки, под пултот, зад завесите или на други места каде нема да се гледаат, пренесува AP.