Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Cinedays денес: „Ирационален човек“, „Таткото“, концерт на Летечки Пекинезери

0
By Нова ТВ on November 18, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Ирационален човек“ на Вуди Ален, „Таткото“ на Висар Морина, кој меѓу останатите, ја доби наградата за најдобар режисер на Меѓународниот филмски фестивал во Карлови вари, работилницата со проф. Берак Таранч за вечната поврзаност на музиката и филмот, односно како инструментите, ритамот, мелодијата и хармонијата влијаат врз процесот на пишување сценарија и концерт на „Летечки Пекинезери“ е дел од она што „Хотел Синедејс“ го нуди во рамките на денешната програма.

„Ирационален човек“ ќе се емитува во кино Милениум во 20 часот. Ема Стоун, Жоакин Феникс, Вуди Ален се дел од филмот кој е приказна за професорот по филозофија Ејб Лукас.

Во 22 часот активноста во Милениум продолжува со „Ајзенштајн во Гуанахуато“, филм на Питер Гринвеј. Овој филм се случува во 1931 година, и е приказна за советскиот режисер Сергеј Ајзенштајн. Во екот на неговата уметничка моќ тој патува за Мексико за да го сними својот нов филм „Да живее Мексико“, откако претходно е одбиен од страна на Холивуд и е под огромен притисок да се врати во сталинистичка Русија.

Во киното Фросина се предвидени неколку проекции за денес, меѓу кои: во 12 часот „Валкани слатки работи“, во 19 часот „Хемотерапија“, во 21 часот „Кучешко срце“ а во 22:30 филмот „Таткото“.

Филмот „Ага Јусеф“ е дел од ревијата ирански филмови и е приказна за Ага Јусеф кој живее со ќерката единица и прави сѐ за да ѝ пружи подобар живот, надевајќи се дека вечно ќе остане негова. Овој филм е предвиден за во 18 часот во Џебно кино.

Во 20 часот пак, предвиден е филмот „Обс – Сингапурска приказна“,музички документарен филм што се враќа низ времето за да стигне до креативниот процес на бендот The Observatory и неговите првобитни членови.

Во 22 часот, програмата на Џебно кино продолжува со „Љубов и Гнев“, филм составен од 5 дела (Рамнодушност, Агонија, Секвенција на хартиениот цвет, Љубов и Дискутираме, разговараме). Во него режираат Пјер Паоло Пазолини, Бернардо Бертолучи, Жан Лук Годар, Маури Болонини, Мако Белочио и Карло Лизани.

Програмата завршува со журката на македонскиот џез бенд Летечки Пекинезери во МКЦ во 22:30 часот. Влезот за нив е слободен.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.