Минатогодишниот победник на фестивалот во Кан, „Сина е најтоплата боја“ на францускиот режисер Абделатиф Кешиш, скопската публика ќе биде во можност да го види почнувајќи од 13-ти март во CINEPLEXX. Филмот се издвојува како еден од најконтроверзните филмови во европската кинематографија, следејќи ја страстната љубов на две лезбејки, но контроверзноста всушност се однесува на друго- експлицитите сцени на водење на љубов, кои предизвикаа различни реакции кај светските критичари- од шок, несогласување до одобрување и воодушевување.
На репертоарот ќе се најде и „Крадачката на книги“. Базиран на бестселерот на Маркус Зусак, филмот на прославениот британски режисер Брајан Персивал го афирмира животот и ја покажува отпорноста на човечкиот дух во моментите на борбата за опстанок.