Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Contradictio in adjecto – албанска (де)албанизацијата

0
By Zoran Ivanov on May 13, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 13, 2026 15:38

И бидејќи во “секое лошо има нешто добро”, во овој случај во “лошиот мит” (Македонците подобро, сами без Албанците, можат да управуваат со државата), “доброто” е неговото разобличување? И за “квалитетот” на Македонците и за “опасноста” од Албанците.

Никица Корубин

“Сонот” на македонската (партократска) елита, низ годините за “чисто” македонска доминација во политиката, со делумно или целосно, фактичко и метафоричко “де-албанизирање” на албанските политички елити; доби совршена визуелна илустрација како смислена пропагандна алатка во симбиозата на македонскиот и косовскиот премиер на основачкиот конгрес на ВЛЕН.

Можеме да го третираме и како симболично “предавање на моќта” или “власта” врз Албанците во Северна Македонија – а со тоа и врз политичката функционалност севкупно; имајќи го предвид феноменот на косовскиот премиер Албин Курти и респектот што тој го ужива. И, веројатно потажно од фактот дека автентични и автохтони албански политички партии од Македонија, ја црпат моќта (и легитимитетот) од Албин Курти; е деградирањето на Албанците во Македонија од страна на, во случајов, косовскиот Албанец Албин Курти.

Динамиката и влијанијата на Албанците од Албанија и Албанците од Косово, кон Албанците од Северна Македонија; секогаш била жива, иако најчесто пасивната страна биле Албанците кај нас; меѓу другото токму поради проблемот со ригидниот албанофобски став на самите Македонци (македонски елити) кои – до ден денес – не се откажале од идејата за нивна маргинализација.

Но, никогаш тие влијанија не биле анти-ЕУ, анти-НАТО, анти-европски и анти-западни. А, најмалку анти-македонски. Никогаш не влијаеле врз патот на македонското општество во евроинтегративниот процес, а со тоа и врз животот и судбината на самите граѓани.

Парадоксално, дали може да се заклучи, дека ние всушност изминативе две години гледаме како во пракса изгледа желбата “Македонците да владеат со Македонија” сами без Албанците? Преку моделот на деградирани, дисциплинирани и потчинети албански партиско/политички “елити” и со активно суспендирање на Охридскиот рамковен договор? Со клучната поддршка на само(зло)употреба на сопствениот авторитетот на Албин Курти?

За неговиот пат од “проблематичен” до “подобен” доволно е да се следи наративот на (медиумската) јавност во изминативе неколку години – од негова сатанизација за банални посети до глорификација за сериозно инволвирање и влијанија.

И во оваа врвна иронија, каде што “македонските (политички) елити” и за да ги “совладаат” Албанците не можат без Албанците; сепак има “еден грам” логика и рационалност – или наравоучение во целата оваа “накарадна” басна – никој не сака да биде потчинет, а најмалку потценет. Затоа што само тоа го донесе оваа неколкугодишна политичка фарса, преку (зло)употреба на емоциите и очекувањата. Подеднакво и на Македонците и на Албанците, како граѓани, а тоа е нормален и функционален живот, активно блокиран преку (само)стопирање на евроинтергативниот процес.

И како секој добар оксиморон или буквално “остроумна глупост” – “мракот не може да биде светол”, а “фантазијата реалност” – па, така ниту овој “поредок” на субординација и потчинување не може да биде ништо друго освен противречност. Која во својата основа е конфликтна, затоа што е вештачка и не може да води кон хармонија и релаксирање на функционалноста на општеството. Кое што всушност е и крајната цел на нашето членство во ЕУ.

И бидејќи во “секое лошо има нешто добро”, во овој случај во “лошиот мит” (Македонците подобро, сами без Албанците, можат да управуваат со државата), “доброто” е неговото разобличување? И за “квалитетот” на Македонците и за “опасноста” од Албанците. И тоа се случува секогаш со сите вештачки и наметнати конструкти, како што е и овој.

А, особено преку псилогијата на “инфериорна супериорност” – каде што првично инфериорните (македонските елити) се обидуваат да демонстрираат супериорност врз “другите” (албанските политички елити, граѓаните, Македонците, Албанците).

И затоа за да излеземе од апсурдот до кој се доведовме (или не’ доведоа); фактичкото и целосно почитување на уставот и меѓународните договори е едноставното решение. Кое што систематски се избегнува. И самиот чин дека сме стигнале до ваков устав и вакви меѓународни договори, и покрај сите опструкции, говори за зрелоста на граѓаните и нивната недвосмислена желба за рационален и нормален живот преку зачленувањето во ЕУ.

Само умните и доблесните ја следат желбата на граѓаните, преку почит и чесен однос, кои се тие што бираат во демократијата. А, само искрените го негуваат и штитат демократското општество преку уставот, правниот поредок и превзмените обврски. Како обврска, а не желба и перцепција. Луѓето имаат право да одлучуваат што ќе бидат во приватниот живот, ама избраните и именуваните функционери, имаат само обврска. А, таа е совршено јасна и никако не е “логично погрешна”.

Од Фејсбук ѕидот на авторката

 

колумна никоца корубин ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.