Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Црн понеделник – документ за настаните од 24

0
By Сашка Цветковска on March 20, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Црниот понеделник е македонската вартоломејска ноќ, правејќи симболична паралела помеѓу крвавите настани од Франција од 16 век и оние од 24 Декември 2012 кога пратениците и новинарите беа насилно исфрлени од собраниската сала додека се носеше буџетот, Фондацијата “Институт отворено општество” ја промовираше книгата посветена на овои случувања, едноставно насловена “Црн понеделник 24 Декември 2012”.

Професорот по уставно право, Светозар Шкариќ зборуваше за правните аспекти од прекршувањата на уставот на 24 Декември, но и за законите кои се гласаат и носат, а кои директно се косат со уставот.

-Идната година ќе славиме 50 години од уставот на Ребублика Македонија, а тој денес е во фаза на умирање. Ете, веројатно нема да има ни потреба да се појавам на таа свеченост, рече Шкариќ.

Претседателот на управниот одбор на ФИОМ, Гордана Дувњак истакна дека оваа книга е сведоштво на грозните дела од 24 Декември кое ќе помогне историјата да ги запамети настаните, но и да спречи да се повторат.

-Не знам што беше поужасно, насилството или одобрувањето на насилството од пратениците на власта, ликувањето и злорадоста со кои беше поздравен триумфот на безумието, кое со ќотек го воведе едноумието во она што требаше да биде повеќепартиски парламент. Врв на резилот беше спокојството на немиот сведок, народниот правобранител, кому Собранието, олеснето од недисциплинираните пратеници, му го изгласа вториот мандат – пишува во воведникот на книгата професорот Владими Милчин.

Радмила Шеќеринска од СДСМ истакна дека и е жал што Теута Арифи не застана во одбрана на жените – пратенички од Собранието кои беа брутално влечени и исфрлени, иако таа ја бранела Арифи кога во 2007 била нападната од ДПА.

Ако ме прашате дали повторно ќе застанам да ја бранам Арифи, мојот одговор е – да, рече Шеќеринска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.