Двајцата кандидати за претседател на Црна Гора, Филип Вујановиќ и Миодраг Лекиќ синоќа прогласија победа на претседателските избори.
Вујановиќ изјави дека освоил 51,3 проценти од гласовите, е неговиот противкандидат Лекиќ дека добил 48,7 проценти. Од друга страна, Лекиќ тврди дека има 50,0 проценти, додека за Вујановиќ гласале 49,5 проценти.
ДИК по завршувањето на гласањето не излезе со резултати, а согласно законот е должна во рок од најмногу 36 часа по затворањето на избирачките места да излезе во јавноста со прелиминарни резултати. Најдоцна до утре во осум часот ќе мора да ги соопшти првичните резултати.
Вујановиќ како актуелен шеф на државата и кандидат на Демократската партија на социјалистите и Лекиќ како кандидат на Демократскиот фронт, откако ја прогласија победата на претседателските избори, ги повикаа своите приврзаници да бидат трпеливи и да се воздржат од славење се додека ДИК не ги соопшти конечните резултати од гласањето.