Српскиот таблоид „Курир“ денеска објави сторија за наводна љубовна врска помеѓу црногороскиот премиер Мило Ѓукановиќ и балканската турбо-фолк ѕвезда Светлана Ражнатовиќ-Цеца. Повикувајќи се на „сигурни“ анонимни извори во кабинетот на премиерот, српски „Курир“ пишува дека пејачката била чест гостин во Подгорица каде што домаќин и бил лично Ѓукановиќ. Тие тврдат дека контроверзната вдовица на Аркан во Подгорица доаѓала со приватен авион, а нејзните посети не секогаш кореспондирале со настапите во таа земја.
„Тие се многу дискретни во овие состаноци и никогаш не се појавуваат заедно на јавни места. Тој ужива во нејзино друштво и нејзините песни“, изјавил за „Курир“ изворот чиј идентитет е познат на редакцијата.
„Курир“, исто така, тврди дека и Ѓукановиќ доаѓал во посета на турбо-фолк пејачката и често слетувал во Белград, но овие слетувања не се запишувале во официјалниот дневник на премиерот.