Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Д-р Билјана Илиев: Менталниот проблем не е стигма, споделувањето останува тајна

0
By НОВА ТВ Balaban on July 20, 2021 ВЕСТИ
FOTO Pixabay
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мнозинството од луѓето кои си го одземаат животот страдаат од назначено ментално заболување и злоупотреба на супстанци во моментот на нивната смрт. Кога ги прашуваме нашите пациенти – зошто помислуваат да се самоубијат, за жал, не постои едноставен одговор на ова прашање. Лицата умираат од суицид поради повеќе причини. А пандемијата на Ковид-19 ни донесе низа здравствени, органски и ментални последици кои се манифестираат сега кога се гледаат последиците од ненавремените контроли на веќе дијагностицираните случаи и појавата на нови. Поради пандемијата и неопходните епидемиолошки мерки за заштита, контролите на пациентите се намалени или тие воопшто не се појавиле на преглед, вели во интервју за НоваТВ, д-р Билјана Илиев, психијатар во ЈЗУ Клиничка болница – Штип.

Таа зборува за тоа како да препознаеме личност од околината која можеби има намера да се самоубие, како младите навреме да  побараат помош од психијатар, пред да се случат вакви трагедии како двете самоубиства на млади луѓе, 25-годишно момче и 22-годишна девојка, коишто пред една недела го потресоа Штип, но и целата македонската јавност.

– Пациентите со почетни афективни, когнитивни и со стрес поврзани (поради низа загуби на блиски членови во семејството заболени од Ковид-19, променетото секојдневие, изолацијата, страв од болест) и низа други потешкотии поради коишто тие не се јавиле кај матичен лекар и психијатар, со што настапило влошување на дијагностицираните состојби поради ненавремено корегирање на терапијата, како и ненавремен почеток на третман поради ненавремен преглед и лекување на новодијагностицираните се најчеста причина за појава на суицидални пациенти – одговара д-р Илиев.

Предупредувачки знаци за суицид

Колку пациенти се јавуваат на преглед во штипската болница поради најразлични психички проблеми ?  

– Можам да одговорам дека јас имам прегледано 483 пациенти со психички проблеми. Поголем број  статистички податоци поврзани со суицидалноста може да се најдат во Институтите, научните истражувања, абстрактите со препораки за самоубиствата и нивна превенција.

А овие предупредувачки знаци можат да означат дека некој е во ризична состојба да се самоубие. Ризикот е поголем ако однесувањето е ново или се зголемени симптомите за суицид и ако е поврзано со стресоген настан, загуба или промена.

Пациентите зборуваат: сакам да се самоубијам; бара начин да се самоубие правејќи онлајн истражувања или купувајќи пиштол; зборува дека се чувствува беспомошно и дека нема причина да живее; зборува дека се чувствува како да е во стапица или во неподнослива болка; Пациентот може да зборува и дека е на товар на другите; ја зголемува употребата на алкохол или на лекови; се однесува анксиозно или збунето, но може и да се однесува безобзирно лекомислено, безгрижно, молчи, се смее, па крева рака на себе. Знаци на предупредување дека некој е во ризична состојба да изврши самоубиство се и ако спие премалку или предолго; се чувствува изолирано; манифестира јарост, гнев или зборува за реванш; се претставува со екстремни промени на расположението.

Што освен депресијата, се главните причини за самоубиство?

– Покрај депресијата,  постојат низа други причини за намера, план или идеја , па дури и извршување на самоубиство ( Tentamen Suicidi – TS), а тоа се претходни обиди за самоубиство, панично растројство со депресија, неодамнешни загуби, загуби во врска со здравјето, со статусот, со работата, растројства на расположението, биполарно растројство депресивна фаза, поретко манична фаза, шизофренија, шизоафективна шизофренија, шизофренија со императивни халуцинации, психотична депресија, гранично растројство на личноста, антисоцијална личност, тенденцијата кон импулсивност, состојбите на хроничните болести, сезонски афективни нарушувања, дистимија (облик на блага депресија со трајно негативен став кон животот), циклотимија (постојана нестабилност на расположението), предменструален синдром.

Човекот се спротивставува на средината и се менува

Што е пресудно за некој да реши да посегне по сопствениот живот? Сите имаме проблеми, но не секој се обидува на таков начин да ги реши? 

– Постојат неколку категории кои даваат важност на сè она што е живот, а кои во однос на највозвишените степени на душата донекаде го менуваат својот смисол, овде спаѓа животот како опстанок во свој свет. Целиот живот се одвива како наизменично определување во внатрешниот и надворешниот свет. Феноменот на животот е живот во својот свет, оттука, но ни соматското битисување не може комплетно да се истражува со своите психички функции и просторот, туку како живот со своја средина во која е изграден и остварен, прилагоден на перцептивниот и реалниот свет. Овој процес на животот претставува постоење со светот и во светот кој човекот го проширува со свесни расчленувања и обработки, а потоа и низ сознанија за постоењето на светот воопшто. Ваквиот процес на животот не почитува време и простор, допира и во други можни светови, па и преку границите на небесните сводови.

Постоењето на поединости меѓу внатрешниот и надворешниот свет: Прво, во физиолошкото објаснување останува односот меѓу дразбата и реакцијата, а во феноменолошки смисол тоа е интеракциски однос помеѓу субјектот и објектот. Второ, индивидуалниот  живот се развива од подлогата и средината (надворешниот свет) , т.e. од вродениот потенцијал кој, во зависност од видот на средината, се развива и обликува или потонува. Подлогата и средината во почетокот делуваат преку несвесните биолошки појави кои се обидуваме да ги запознаеме со причина, понатаму се вообличуваат во свесниот живот на психички разбирлив начин, додека, од друга страна, човекот се спротивставува на средината и се менува. Поради природата на саморазвојот на индивидуата, таа со својата подлога се спротивставува на средината од што произлегува доживување на судбината, подвизи, дејствувања и страдања. И трето, надворешниот свет значително ја поттикнува ситуацијата која поединецот ја совладува, се прилагодува или за неа се определува. Поединецот самиот создава ситуација или се случува сплет на околности, за нас неразбирливи.

Како на младите да се влијае да размислуваат во насока дека од секоја ситуација има излез, и навреме да побараат психијатриска или помош од психолог, за да нема вакви трагични ситуации? 

– Масовното информирање преку медиумите, електронските и печатените, за постоењето на комбинација од фармакотерапија и психотерапија во лекувањето на психичките заболувања. Здравствените работници кои работат со пациенти со проблеми со менталното здравје се насочени кон укажувањето на поврзаноста на менталните растројства и достапноста на институциите кои пружаат помош и поддршка на ризичните групи, со што придонесуват за превенција на суицидот. Младите треба да знаат дека споделувањето на својот ,,внатрешен свет” со стручните лица останува тајна и менталниот проблем не е стигма. Навременото јавување на лекар не значи дека некој ќе биде стигматизиран, туку треба да ја разберат суштината и значењето на своето постоење и грижата за него.

И, за крај, би рекла: младите се иднината на нашето општество, нивното здравје и благосостојба е важна за сите нас, за успешно функционирање на општеството. Бидете храбри! Јавете се навреме – животот нуди предизвици, падови, но и успеси. Бидете од оние успешните! – порачува д-р Билјана Илиев.

Љубица Балабан

Билјана Илиев: главни причини депресија Клиничка болница - Штип млади психијатар самоубиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.