Директор на ЈЗУ Клиника за инфективни болести Милена Стевановиќ денеска се приклучи на караванот на хуманоста т.е. крводарителската акција организирана од главните медицински техничари на ЈЗУ при клинички центар
– Денеска не удостои посетата на медицинскиот директор на ЈЗУ Клиника за инфективни болести Д-р Милена Стевановиќ, која се приклучи на караванот на хуманоста т.е. крводарителската акција организирана од главните медицински техничари на ЈЗУ при клинички центар. Неуморна кога станува збор за здравјето на нашите граѓани, постојано присутна во просториите за да ги излечи пациентите заболени од корона вирусот, а денеска таа даруваше и крв за да спаси живот, информира директорот на Институтот за трансфузиона медицина.