НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Д-р Новотни: Подготвени сме за прецизна дијагноза на Алцхајмерова болест со биомаркери

0
By НОВА ТВ Balaban on June 12, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И покрај бројните истражувања и клинички студии, изминатите 18 години (колку што поминаа од последниот лек одобрен за Алцхајмерова болест), беа одбележани со молк кога зборуваме за пронаоѓање на лек за оваа болест и сега за првпат по толку време овој молк е прекинат. Па 7 јуни, денот кога FDA (Food and Drug Administration) го одобри за користење aducanumab, веројатно долго ќе остане дата за паметење, не само меѓу научната јавност, туку и меѓу сите семејства кои имале и имаат свој близок со деменција, вели во интервјуto за НоваТВ, dr sci med. Габриела Новотни, невролог на Универзитетската Клиника за неврологија во Скопје по веста дека во САД е одобрен нов лек за Алцхајмерова болест – станува збор за моноклонално антитело кое со инфузија ќе им се дава на пациентите.

Таа објаснува како делува овој препарат.

– Значењето на aducanumab е дотолку поголемо што тој е прв лек кој делува на подлежечката патофизиологија на болеста. Aducanumab е моноклонално антитело кое се врзува за исталожените амилоидни плаки во мозокот-главниот патолошки белег на Алцхајмеровата болест и води до нивно намалување. Овие амилоидни плаки имаат токсичен ефект врз нервните клетки, па оттука намалувањето на амилоидните депозити во мозокот се очекува да вроди со клиничко подобрување – вели д-р Новотни.

Таа зборува и за тоа како да ја препознаеме Алцхајмеровата болест, за којашто на почетокот пациентите  наоѓаат бројни оправдувањa кога забораваат на настани, па мислат дека причината за тоа е што имаат многу обврски, а не што можеби Алцхајмер „затропал“ и на нивната врата. Д-р Новотни, која пред две години и докторираше токму на тема поврзана со Алцхајмеровата болест, открива и кои се главните виновници за малиот број на дијагностицирани и лекувани со ова заболување, како и за кои пациенти пред сѐ ќе биде наменет новиот лек, од кога сме подготвени за прецизна дијагноза на АД и на Клиниката за неврологија и друго.

Кои се проценките – колку лица со ова заболување има во Македонија? И со што сега ги лекувате пациентите?

– Според светската статистика и студии на преваленца од една страна и според бројот на население во Македонија над 65-годишна возраст од друга страна, се проценува дека во моментов во Македонија живеат најмалку 20 000 лица со Алцхајмерова деменција.  Според податоците од електронскиот систем (Мој термин) во 2019 година, 11.267 лица ја добиле дијагнозата Алцхајмерова деменција(АД), но само 5338 од нив се лекувани со прволиниска терапија,со donepezil. Тоа се само 27% од препоставениот вкупен број на заболени, што е загрижувачки. Стигмата и митот дека заборавањето е дел од нормалното стареење веројатно се главните виновници за вака малиот број на дијагностицирани и лекувани лица за АБ. Подигнување на јавната и професионалната свест за рано препознавање, правилно дијагностицирање и отпочнување на третман за Алцхајмеровата болест, никогаш не било попотребно и пооправдано.

Кај нас и во светот, пациентите со дијагностицирана Алцхајмерова деменција се лекуваат со симптоматска терапија, а и двата одобрени лека donepezil и memantine, кои делуваат на ниво на нервната трансмисија, повеќе години наназад се достапни во земјата. За разлика од оваа симптоматска терапија, aducanumab е терапија која го модифицира текот на болеста.

Сепак, според првите сознанија, оваа нова терапија нема да биде достапна за сите лица со ова заболување, туку за оние во рана фаза? 

– Токму така. За да aducanumab успее да го модифицира текот на болеста т.е. да даде клиничко подобрување, треба да се даде рано, во ран или умерен стадиум на Алцхајмерова болест, кога се уште не е напреднат процесот на невродегенерација, затоа што тоа во превод значи изгубени нервни клетки, кои не може да се вратат дури и по отстранување на амилоидните плаки. Повторно нагласувам дека сега,  раната и прецизна дијагноза, потврдена со биомаркери, веќе не е нешто кон кое само се стремиме и го посакуваме, туку реална неопходност, за кога ќе го имаме лекот и кај нас,  да може да се  направи селекција на пациентите кои ќе имаат корист од третманот. Токму тоа е предизвикот и тестот на кој FDA го изложи aducanumab, следење и докажување на неговиот клинички ефект во претстојниот период.

Ме радува што во текот на изминатите неколку години, амбуланата за деменции на Универзитетската клиника за неврологија, разработи прецизен дијагностички протокол, а  од минатата години, во соработка со Институтот за имунобиологија и хумана генетика, ги работиме и биомаркерите за Алцхајмерова болест во мозочната течност, со што сме подготвени за прецизна дијагноза на АД, а со тоа и да го пречекаме овој лек и кај нас – вели д-р Новотни.

Кои се првите симптоми на кои секој треба да обрне внимание дека можеби укажуваат на Алцхајмер? 

– Алцхајмеровата болест започнува тивко и на почетокот лицата наоѓаат бројни оправдување за првите симптоми. Тоа е најчесто заборавање на скорешни настани, па сметаат дека истото се должи на многу обврски, расеаност, доживеан стрес. Ова е таканаречен стадиум на благо когнитивно растројство, кога сеуште секојдневните активности се одвиваат непречено, но и пациентот и блиските ги забележуваат овие промени. Ова е стадиумот кога е пожелно да се отпочнат дијагностичките тестови со цел навремено поставување на дијагнозата. Потоа следи се’ понагалено страдање на меморијата (поновите настани, додека оние стари енграми од младоста подолго остануваат запаметени и последни се губат), дезориентација во простор (може да се загубат враќајќи  од пазарување), дезориентација во време (збунети се за тоа кој ден е во неделата, дата или и годишно време). Блиските најчесто забележуваат дека нивниот сакан често поставува исти прашања или повторува исти работи во текот на денот, дека предметите во домот ги остава на несоодветни места, за потоа да ги обвини дека тие му ги преместиле или дека некој го краде… Како болеста напредува така осиромашува и говорот, па имаат проблем да ги пронајдат соодветните зборови за предметите и често користат ова или тоа, наместо името на предметот.

Раното препознавање на симптомите на Алцхајмеровата болест е првиот чекор кон поставување на дијагноза и отпочнување на навремен третман.

Ако новиот лек, за којшто има и контроверзи, сега е одобрен во САД, кога најрано би можел да стане достапен и за пациентите кај нас?  

– Ако ме прашувате како невролог и ако се ставам во позиција на пациентите, особено оние, иако не голем број, кои се во ран или умерен стадиум на болеста, одговорот е јасен – што поскоро! Иако сеуште е под лупа  ефектот кој aducanumab го има врз клиничкото подобрување кај лицата со АБ, имајќи предвид дека зборуваме за прогресивна и неизлечива болест која неминовно води кон смрт, јасно е зошто надежта и очекувањата се големи. За  процедурите  и постапката за регистрација на лекот покомпетентен  е одговорот  од Агенцијата за лекови (МАЛМЕД).

Љубица Балабан

 

 

aducanumab Алцхајмерова болест Габриела Новотни лек неврологија ФДА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.