Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Да се прифати е тешко, да се одбие уште потешко

0
By Sashko on July 3, 2022 КОЛУМНА
Борјан Јановски
Борјан Јановски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Горештина е надвор и таа дразни, го разбирам тоа. По објавувањето на рамката на Европскиот Совет (нема француски предлог, туку рамка која е дефинирана во рамки на француското претседателство), се изнаслушавме сè и сешто. Во коментарите кои можев да ги проследам, слушнав многу емоции, но многу малку аргументи за или против.

Јас, лично, работам 25 години на темата европски интеграции и искрен да бидам, никогаш до крај не сум ги разбирал техничките аспекти на процедурите, така што веднаш се декларирам како неексперт во конкретниот случај. Од луѓето кои се декларираат така, исто така, не слушнав нешто што би можело да ме наведе на категоричен став за или против. Во оваа прилика ќе си дозволам да кажам и тоа дека голем дел од експертите кои се појавија со коментари, со сигурност знам дека релевантноста на истите е навистина дискутабилна без разлика на нивниот самоуверен настап.

Она што јас го знам сега е дека сме исправени пред многу сериозен предизвик. Прифаќањето на предлогот во оваа форма и содржина која досега ја имаме на увид има елементи кои се далеку од посакуваната варијанта, но, исто така, би требало да е јасно дека одбивањето може да има фатални последици токму по националните интереси. Во таа смисла, ова не смее да биде прашање на емоција и Да или НЕ одговор, ако воопшто претендираме да сме сериозно општество и држава.

„Експертските анализи” инспирирани од емоција или од суети на напуштени невести или уште полошо од мотив да се спасат од одговорност пред законот, не ме водат до заклучок кој би ме навел на отфрлање или прифаќање на предлогот и на тоа имам право со оглед на моето искуство со евроинтеграциите. Од нив слушнав работи кои немаат врска со реалноста, вклучително и лажни вести или спинови потпишани од таканаречени универзитетски професори. Впрочем, фала на прашање, сè уште ги немаме како јавност на увид сите документи кои би довеле до сериозен заклучок (во предвид го имам записникот од меѓувладиниот состанок кој мислам дека е доста значаен).

Одлуката која треба да се донесе на долг рок, го детерминира процесот во кој ќе ги реализираме или целосно изгубиме нашите национални интереси. Со оглед на драматичноста на геополитичкиот контекст и трајните последици кои ќе произлезат од него, ова што сега се наметнува како прашање ЗА или ПРОТИВ мора веднаш да ја промени формата и да се наметне како многу посуштинска дебата во која навистина со ладни глави ќе го прочешламе секој детал. Во таа смисла сметам дека се штетни тенденциите кои наложуваат брз квиз одговор за прашање кое може да нè убие или, конечно, заживее како сериозна европска држава и демократија.

Во однос на мојот личен став, сметам дека преговарачката рамка, конечно, ги решава сите дилеми околу македонскиот јазик кој на овој начин станува и официјален јазик во ЕУ и со тоа ги става во една понижувачка позиција сите кои сметаат дека тој не постои. Што се однесува до Уставот и влезот на Бугарите во него. И тоа го сметам како добра основа затоа што: прво, затоа што ме радува мојата држава да е еднаква за сите кои и како да се чувствува, а второ затоа што за првпат ќе имаме јасно институционално разграничување меѓу двата идентитета – македонски и бугарски. Ми пречи условот за промена на Устав пред одржување на втората меѓувладина комисија за кој сум убеден дека е непринципиелен.

Останува да ме загрижува сериозно делот на преговорите за историјата поради што со нетрпение очекувам посериозни објаснувања дека нашите историчари, нема да мора да работат под диктат на политиката и политичката динамика на преговарачкиот процес. На оваа моја дилема сè уште не слушнав релевантен одговор, но верувам дека ќе стигне и дека ќе биде дебатиран онака како што доликува.

Исто така, ја разбирам вознемиреноста и лошото чувство што воопшто оваа тема на било кој начин се споменува во преговорите. За жал, самите ние во изминатите 30 години упорно го пикавме под тепих ова прашање, па сега ни излезе од таму како чудовиште. Но, тоа е сега, така за нас, а и за Србија на која Косово ѝ е посебно поглавје во преговарачката рамка. И Србите децении наназад се обидуваа да го решаваат овој проблем на еден аутистичен начин.  Не верувам дека Србите биле или се среќни што Косово го имаат како поглавје во преговорите. Уште повеќе што истото им е услов да го признаат за еден ден да станат членка на ЕУ. Па, сепак, Србија не ги одби преговорите што не значи и дека се обврза на признавање на Косово. Србија влезе во процесот и се бори за својот интерес, впрочем затоа и процесот се нарекува преговарачки. Во даден момент, доколку Србија дојде до ситуација да мора да го признае Косово (читај дел од својата територија) како независна држава, а смета дека тоа е спротивно на националниот интерес, без пречка може да ги напушти преговорите и да се откаже од членство.

Преговарачкот процес не е насилие. Исланд, на пример, тоа го стори во 2013 година поради барањата на Брисел да се ограничат квотите за рибарање на Исланд што за таа држава беше неприфатливо, па едноставно го напушти преговарачкиот процес. Слично постапи и Норвешка, чии европски аспирации не минаа на рефередум. Во таа смисла, ако Бугарија во нашиот случај се однесува на било кој начин неприфатливо за нашиот интерес, ние го имаме изборот да ги напуштиме преговорите. Како и да е, не смее прифаќањето на преговарачката рамка во овој момент да се толкува како нешто фатално што ако се прифати веднаш и по автоматизам подразбира бришење на нашата историја. Тоа е инфантилно гледиште кое воопшто не смее да биде предмет на сериозна дебата.

Конечно, пред нас е долгопосакуваната можност за преговори. Сакавме море, а никогаш не помисливме дека на морето има и силни невремиња, а не само сонце. Во ова море кое сега нѝ се нуди, ја имаме гумата за спасување нарачена напуштање на преговорите, доколку од нив произлезат непристојни предлози. За да пловиме по него нѝ треба малку повеќе самодоверба која значи храброст да се влезе во процесот и да се бориме за нашите интереси. Напуштањето и отфрлањето на можноста е прво чин на демонстрација на силен комплекс на инфериорност, кој јас не сакам да го прифатам, бидејќи не сум од оние кои го користат деминутивот „македончето“, а второ значи влегување во едни многу понеизвесни геополитички води во кој влегуваме без никаква помош доколку во нив фати силно невреме.

И на крај за толку посакуваните гаранции. Гаранции нема. Кога се раѓате никој не ви дава гаранција дека ќе живеете 100 убави години. За убавиот живот и вашиот идентитет се борите низ таа животна авантура која е привилегија. Ако седите во матката, чекајќи гинекологот да ви мафне со гаранција дека надовор е се совршено, ќе се удавите во водата на матката. Време е да излеземе од неа и да се потврдиме како држава, општество и култура која има своја боја и специфика која ќе се вклопи во европската хармонија на различности. Не е лесно, но уште потешко ќе биде ако не се проба.

Пишува Борјан Јовановски

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.