Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дачиќ распиша референдум за промена на Уставот на Србија

0
By НОВА ТВ Balaban on November 30, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Измените се однесуваат на делот поврзан со промената на изборот на обвинители и судството и нашиот став е целосно јасен, нема промени во преамбулата на Уставот – Косово и Метохија е составен дел на Србија. 

Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, распиша референдум за потврдување на Законот за промена на Уставот на Република Србија за 16 јануари 2022 година, јави дописникот на МИА од Белград.

Претходно пратениците го усвоија предлогот за промена на Уставот и распишување референдум.

-Ја имам честа да ја потпишам одлуката за референдум што ќе се одржи на 16 јануари од 7 до 20 часот, а прашањето ќе биде „дали сте за потврдување на актот за промена на Уставот на Република Србија, изјави Дачиќ по потпишувањето на документот.

Измените се однесуваат на делот поврзан со промената на изборот на обвинители и судството и нашиот став е целосно јасен, нема промени во преамбулата на Уставот – Косово и Метохија е составен дел на Србија, како и со „други разни прашања кои се политизирани во последно време, а се користат за брутално кршење на законот и Уставот, кога станува збор за протести и блокади на патиштата“ и исклучиво се однесува на правосудството и владеењето на правото, кажа претседателот на Собранието.

-Сакам да кажам дека начинот на промена на Уставот, односно прашањето кое мнозинство е доволно за успех на референдумот, не е прашање со кое се занимававме, тоа беше предложено од Владата на Воислав Коштуница и Борис Тадиќ во 2006 година, предложија нов Устав, со желба да се раскине со времето на Слободан Милошевиќ, кога беше потребно мнозинство од повеќе од 50 отсто, на начин што за некои прашања, делови беше потребно мнозинство на излезноста, нагласи Дачиќ и додаде дека „овој пат тоа е така“.

Дачиќ распиша референдум Уставот на Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.