Премиерот на Србија Ивица Дачиќ изјавил денеска дека една од темите на утрешниот состанок во Брисел ќе биде поништување на изборите на северно Косово, но и на сите други места каде што Србите биле оневозможени да гласаат.
-Ќе бараме поништување на изборите во северниот дел на Косово, но ќе разговараме и за отпочнување на активности за формирање на Заедница на српските општини изјавил Дачиќ.
Од друга страна, премиерот на Косово Хашим Тачи тврди дека Косово го положи европскиот тест во организација на локални избори. Според Тачи изборите биле слободни и демократски и дека така ги оценила и меѓународната заедница.
-Важно е дека изборите беа организирани на територијата на цело Косово, првпат по 14 години. Учеството на Србите го легитимираше Бриселскиот договор за единствено ново Косово, како татковина на сите граѓани рече Тачи на седница на Влада.
Тачи нагласил дека е свесен за дека имало инциденти на екстремни групи на северот, но нагласил дека тие ќе се соочат со домашната и меѓународната правда.