Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дачиќ кон Груевски: Не го коментирајте Косово

0
By Нова ТВ on January 28, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На средбата на премиерите на Република Македонија и на Република Србија се разговарало за унапредување на економската соработка, но акцент било ставено и на решавањето на двете отворени прашања меѓу двете држави: црковниот спор и различните позиции за прашањето за Косово.

Околу косовското прашање Дачиќ побарал од македонскиот премиер воздржување од коментари, со што би дал придонес во дијалогот додека траат разговорите ме­ѓу Белград и Приштина.

„Нашите две држави и понатаму остануваат посветени на продлабочување на соработката, на унапредување на севкупните односи на секое ниво од билатерална соработка и на развој на проекти што ќе имаат силна улога во развој на економијата”, изјави премиерот Груевски.

Премиерите Никола Груевски и Ивица Дачиќ договорија заедничка седница на македонската и српската влада, што според првично договореното, би се одржала во мај во Белград.

„Се договоривме некаде во мај, доколку ни дозволат условите, во Белград да биде одржана седница на двете влади. Не на целите влади, туку на министрите од оние ресори за кои сметаме дека се важни за нашите билатерални односи, да ја разгледаме актуелната ситуација по сите овие теми и тоа би требало да биде придонес за нашата соработка и состаноците би требало да бидат редовни и да се одржуваат еднаш годишно кај вас и кај нас”, изјави српскиот премиер Дачиќ.

Коментирајќи го спорот меѓу Македонската и Српската православна црква, двајцата премиери понудија помош за негово надминување, но посочија дека договорот зависи од двете цркви.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025
ФОКУС

Трамп: Во моментов разговарам со Путин

ВЕСТИ October 16, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди на својата социјална мрежа Truth Social дека неговиот разговор со…

Закажано првото рочиште за трагедијата во Кочани – судскиот маратон почнува на 19. ноемнври

October 16, 2025

Денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, досега пријавени 43.000 граѓани, продолжува пријавувањето

October 16, 2025

Кијив: Големи руски напади ја прекинаа струјата во украинскиот главен град и во повеќе други региони на земјата

October 15, 2025
ТИКЕР

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.