Премиерот на Република Србија Ивица Дачиќ, изјавил дека Приштина и Белград постигнале договор Србите на Косово да гласаат на претстојните локални избори со постоечките документи, а исто така двете страни се договориле и околу формирањето на полицијата во српските општини, пренесува Бета.
По разговорот со косовскиот премиер Хашим Тачи и високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон, тој изјавил дека на локалните избори на Косово може да учествуваат сите раселени лица, потоа косовските Срби кои сега живеат во централна Србија, како и оние што се родени на Косово.
Околу преговорите за телекомуникациите и енергетиката е постигнат напредок, но се уште нема конечен договор, а следната рунда на преговори ќе се одржи на 27-ми август, потврдил српскиот премиер.