Србија сака да ги продолжи преговорите но нема со кого, оценува првиот потпретседател на српската влада Ивица Дачиќ по повод две години од почетокот на дијалогот помеѓу Белград и Приштина.
– Истакнувам дека Србија сака продолжение на дијалогот и потполна имплементација на сите договори. Чекаме конструкција на властите во Приштина бидејќи засега ја нема другата страна, изјави за агенцијата „Бета“ Дачиќ.
Според него дијалогот дал резултат со тоа што смирени се тензиите на Косово.
– За прв пат Србија не е одбележана како причина за некаква криза и ги доби најпозитивните забелешки за допринос во дијалогот, потенцира Ивица Дачиќ.
Српскиот министер за надворешни работи додаде дека Србија прави се што е во нејзина моќ за примена на договорот со Приштина бидејќи според него, тоа е во интерес на српскиот народ во Косово.