Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дачиќ: Срби, ако не гласате градоначалникот ќе ви биде Албанец

0
By Нова ТВ on November 7, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Апел до Србите да излезат и да гласаат на повторните избори на 17 ноември, упати премиерот на Србија, Ивица Дачиќ, истакнувајќи дека станува збор за опстанок. Србите сега се во предност, бидејќи знаат колку од нив треба да излезат на избори за градоначалничкото место на Косовска Митровица да не го заземе Алабанец, порача Дачиќ.

„Како ќе направите така и ќе биде. Немојте утре да кажете дека ние во Белград сме криви“, изјави Дачиќ. „Кој нема да сака, ризикуваме да изгубиме се. Србија од ова не може да се одбрани, и затоа ги повикувам Србите да излезат на избори, не поради нас во Владата, туку затоа што станува збор за нивната судбина и опстанок“.

Тој постави прашање дали некој мисли дека Србија ќе ја загрози својата иднина поради 10 000 луѓе. Српскиот Премиер, праша и кој ќе ги брани ако не Србија и дали тоа би биле ДСС, Двери, Образ, или навивачките групи.

Дачиќ напомена дека пред ова, Србија на Косово немала ништо освен принципиелен став дека Косово е Србија и дека власта на северно Косово била легитимна од гледна точка на Белград, но не и на меѓународната заедница.

Тој уште еднаш укажа на ставот дека Србија треба да влезе во ЕУ пред Албанија.

„Ако Србите не излезат на избори, градоначалник ќе им биде Албанец. Нека им е со среќа“, изјави Премиерот на Србија и додаде дека Србија е на удар затоа што им помага, но и дека не станува збор за статусот, туку за опстанокот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.